Папата: Само верата во живиот Бог води до полнина на животот
Ватикан, 16.6.2013 /к.мк/ – Под мотото „Евангелие на животот” (Evangelium vitae) овој викенд во Рим и Ватикан се одржаа иницијативи, катехези и предавања за заштита на животот. Веќе во сабота вечерта организаторите за заштита на животот организираа марш во тишина од Улица на Помирувањето (Виа дела Коничилијационе ) до плоштадот Свети Петар со цел да се сврти внимание на абортусот и евтаназијата. Иницијативата „Евангелие на животот” е дел од програмата во Година на верата. Денот на „Евангелието на живот“ заврши со света Литургија на плоштадот Свети Петар, која ја служеше Светиот Отец пред околу 200.000 верници. Во продолжение на молитвата Ангел Господов на плоштадот пристигнаа околу 1000 мотористи, кои во моментот во Рим слават 110 години од постоењето на легендарниот мотор Харли-Дејвидсон (Harley-Davidson)
„Да го следиме Бог, бидејќи води кон живот, а не идолите кои водат кон смртта”; „Да го промовираме животот и да ја отфрламе смртта”; „да кажеме” да „на слободата и не „на бројните идоли од нашето време”. Тоа се зборови на папата Фрањо, кои ги истакна во проповедта за Денот посветен на „Евангелието на животот”, наречен според истоимената енциклика на папата Иван Павле II од 1995. Папата Фрањо го обиколи плоштадот и соседната Улица на Помирувањето (Виа дела Коничилијационе ), сопирајќи и благословувајќи ги малите деца.
Во проповедта Папата говореше за литургиските читања при што понуди „три совети за помош во верата”: пред сè дека Библијата ни го открива живиот Бог, Кој е Живот и извор на животот; потоа, дека Исус Христос го дарува својот живот, а Светиот Дух ни помага во животот и на крајот дека „патот кон Бог води во живот, а следењето на идолите води во смрт”.
Сето ова е илустрирано со примери од Библијата. Така е со израилскиот цар Давид, кој за да го прекрие неверството испраќа во смрт еден свој војник (2 Царства 12, 9): „Кога човек сака да се промовира себеси, се затвора во сопствениот егоизам и заземајќи го местото на Бог, сее смрт. Егоизмот доведува до лага со која се лаже себе и ближниот. Но Бог не може да биде измамен!”… Сепак, рече Папата, „милостивиот Бог, кој го сака животот и простува, ни простува и ни го враќа животот”.
Папата потсети на оној Бог кој му вдахнува живот на човекот (1 Мојсеева 2, 7)” „Бог на живите кој присуствува во историја на човекот и го ослободува од ропството и смртта “, но исто така и дарот „на Неговите заповеди, кои го упатуваат човекот по патот на животот: Папата мисли на дарот на Десетте заповеди: Тие се патоказ преку кои Бог ни дава слобода и полнина на животот; тие не се ограничување – туку одлучно ДА за Господ, за животот, за љубовта. Драги пријатели, само во Господ нашиот живот е исполнет.
Папата истакна дека „целата Библија” потсетува дека живиот Бог е „оној кој дава живот и го покажува патот за неговата полнота”. Така е кога Исус се среќава со жената грешница во куќата на фарисејот и дозволува да му ги мие нозете со нејзините солзи и да ги брише со косата, проштавајќи и ги гревовите (Лука, 7,47): „Исус е олицетворение на Живиот Бог, Оној кој дарува живот пред смртта, гревот, егоизмот и затворањето во себе – рече Папата. Исус прифаќа ублажува, охрабрува, простува и повторно дава сила да одиме, одново дарува живот.“
„Светиот Дух, дарот на воскреснатиот Исус”, не „воведува во божествениот живот како чеда Божји преку Светиот Дух”, рече Папата, но „дали дозволуваме да нè води?”: „Христијанинот е духовен, но тоа не значи дека живее „во облаците”, надвор од реалноста – објасни папата Фрањо. Тој мисли и делува во секојдневниот живот наследувајќи го Бог, дозволуваме животот да биде исполнет и поткрепен со Светиот Дух, за да биде во полнина како на вистински Божји чеда. Ова значи реализам и плодност. Христијанинот, воден од Светиот Дух е реалист и може да ја оценува реалноста и е плоден, бидејќи создава живот околу себе “.
Но многу често „човекот не го избира животот и не сака да го прифати „Евангелието на животот”, претпочитајќи да следи „идеологии и логики” ориентирани кон „егоизмот, интересот, профитот, власта и задоволствата, а не на љубовта и барање добро за другите”, констатира папата Фрањо. „Тоа е постојаната илузија дека може да изгради живот без Бог и без неговата љубов – една нова Вавилонска кула. Тоа е размислувањето дека со отфрлањето на Бог, Христовото послание и Евангелието на животот може да доведе до слободата и целосна реализација на човекот. Резултатот на тоа е дека Живиот Бог е заменет со човечкиот и привремени идоли кои нудат опиеност од привремената слобода, но на крајот водат кон ново ропство и кон смрт.”
„Само верата во живиот Бог носи спасение – заврши Папата – во Бог, кој преку Исус Христос ни го подари својот живот и со дарот на Светиот Дух нè гони да живееме како вистински негови чеда”. (го*ко)