Папата сака милосрдни свештеници блиски до народот

Кардинал Стела: Папата многу сака веродостојност на животот. Неговиот начин на живеење на своето епископство и свештенство потсетува на основните, важни потреби: живот на молитва, лична дисциплина, апостолска посветеност, љубов кон стадото и живеење со него.

На празникот на свети Иван Марија Вианеј заштитник на паросите и 150 години по неговата смрт светиот аршки парох за свештениците е многу актуелен и на многу начини потсетува на пасторалниот стил на папата Фрањо – истакна во разговор за Радио Ватикан кардинал Стела префект на Конгрегацијата за клер. Кардиналот како пример за денешните свештеници ја истакна близната на светецот до своето стадо и тоа во смисла што со него ја делел неговата историја и сиромаштво. Како што рече кардинал Стела тие се две многу актуелни доблести и во денешниот свет. Свештеникот кој се претставува како понизен, сиромашен, едноставен може подобро да се разбере.

Префектот на Конгрегцијата за наука на верата потоа истакна дека аршкиот парох во текот на безбројните часови поминати во исповедалница знаел да ги прима грешниците со отворено срце, како што денес поттикнува папата Фрањо. Кардиналот понатаму потсети на примерот на Папата кога минатиот март во текот на покорничката Литургија во базиликата Свети Петар клекна пред својот исповедник за да се исповеда. Би кажал дека е голем пример кој ги зближува светиот арши парох и папата Фрањо, проповедање и давање милосрдие – рече кардинал Стела.

Запрашан кои плодови за свештениците би можела да ги вроди Светата година на милосрдието кардиналот прво рече дека свештениците денес многу работат и потоа додаде дека посакува Светата година да им донесе уште работа – но не бирократска или административна, туку навистина свештеничка работа, во која примаат плодови од средбата со Бог во литургискиот живот и светотаинското помирување. „Верувам дека Јубиларната година на свештениците ќе им донесе повеќе работа, но вистинска свештеничка работа која и повеќе ги изморува, но во смисла на здрав умор. Умор, зафатеност и жртва во смисла која Бог ја сака и Папата посакува“ – рече кардиналот.

На прашањето што најмногу му лежи на срцето на Папата по прашањето за свештениците, кардинал Стела се присети на разговорот кој го имал со Светиот Отец, во кој му рекол: „Многу се зборува за реформа на Римската курија, но реформата на Куријата е поврзана со реформа на Црквата, со повторно откривање на Евангелието. А до таа обнова Црквата доаѓа единствено преку служењето на свештениците.“ Како што истакна кардиналот, Папата многу сака веродостојност на животот, а свештениците во него имаат вистински пример. Неговиот начин на живеење на своето епископство и свештенство потсетува на основните, важни потреби: живот на молитва, лична дисциплина, апостолска посветеност, љубов кон стадото и живеење со него. Такви се, смета кардиналот, пастирите на стадата, верни, понизни и едноставни. „Народот го слуша тоа што го кажуваме, гледа како постапуваме – нашите дела – но пред сè зема во предвид тоа што сме“ – рече на крајот префектот на Конгрегацијата за клер.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот