Папата: Сакате ли да ме развеселите? Читајте ја Библијата

Библијата не е „литературно ремек-дело“ туку „книга како пламенот, книга во која Бог зборува“ – истакна папата Фрањо во предговорот на едно издание на Библија за млади објавено неодамна на герамански јазик.

Библијата не е „литературно ремек-дело“ туку „книга како пламенот, книга во која Бог зборува“ – истакна папата Фрањо во предговорот на едно издание на Библија за млади објавено неодамна на герамански јазик. Драги млади пријатели – напиша Светиот Отец – кога би ја виделе мојата Библија можеби нема да сте имприсионирани. Би кажале: „Ова е Библијата на Папата? Толку стара и истрошена книга?

Можеби ќе сакате да ми подарите нова, дури и издание од 1000 евра; но не би сакал. Ја сакам својата стара Библија која ме придружува половина од мојот живот – продолжи Папата. Ги гледаше моите радости, се капеше во моите солзи: таа е мое непроценливо богатство. Живеам од неа и за ништо на светот не би ја дал.

Откако ќе ја прочитате во еден здив не дозволувајте да заврши на полицата во библиотеката собирајќи прашина сѐ додека вашите деца еден не ја видат во антикварница. Не, тоа не смее да се случи – порача Папата. Рече дека христијаните денес се прогонувани повеќе отколку во првите векови на Црквата и тоа е така затоа што го носат крстот и сведочат за Христос затоа што поседуваат Библија. Очигледно се работи за – како што рече – „исклучително опасна книга“ Така е ризично да се поседува што во некои земји тоа речиси како да сте сокриле бомба во плакарот.

Махатма Ганди еднаш кажал: „На вас христијаните ви е доверен текст кој во себе има доволно динамит во милиони делови да ја експлодира целата цивилизација, да го преврте светот наопаку и да донесе мир на планетата опустошена од војната. Меѓутоа според него се однесувате како само да е литературно дело и ништо повеќе.“ Ако Библијата е само литературно ремек-дело, збирка на убави стари приказни – рече Папата – би требало да се каже како многу христијани кои се убивани и мачени затоа што ја поседуваат Библијата дека се навистина луди што умираат за обично литературно дело.

Меѓутоа со Божјото Слово светлината дојде на светот и никогаш нема да згасне. Во рацете имате нешто божествено: книга која е како пламен, книга во која Бог зборува. Заради тоа сете се – порача Светиот Отец – дека Библијата не е направена за да ја ставите на полицата, туку за да ја држете во рацете и често, секојдневно да ја читате – дали сами или во друштво.

Младите ги поттикна Библијата да ја читат заедно со пријателите и да не се плашат заради тоа на другите да им изгледаат смешни. Вниметелно читајте ја, немојте да бидете површни како да се работи за стрип! Божјото Слово не може да се прелета со поглед – рече повикувајќи ги младите да се запрашаат што зборува Библијата во нивното срце. Само така може Божјото Слово да ја покаже целата своја сила и да го преобрази нашиот живот – рече папата Фрањо.

На младите им го довери начинот како ја чита својата истрошена Библија: често ја зема, чита дел потоа ја става на страна и – како што напиша – дава Господ да го гледа. Не сум јас тој кој го гледа Него, туку Тој ме гледа мене. Бог навистина е присутен – рече. Потоа во длабочината на чувствата забележува што Господ му зборува. Понекогаш не зборува и тогаш не чувствува ништо освен празнина. Но, треба да се остане трпелив, чекајќи, читајќи и молејќи. Понекогаш – призна – се случувало да заспие додека така моли. Но, тогаш е „како синот“ во крилото на „својот татко“ и тоа е она што е важно. Сакате ли да ме развеселите? Читајте ја Библијата – поттикна на крајот Светиот Отец.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот