Папата разговараше телефонски со болна италијанска политичарка
Италијанската политичарка од Радикалната партија (Partito Radicale) Ема Бонино, која е болна од тумор доби телефонски повик од папата Фрањо. Ова го јавија италијанските медиуми. Поранешната министерка за надворешни работи и поранешен Еврокомесар во петок попладне доби „крајно неочекуван повик“ од Папата. Тој се информираше за нејзиното здравје и ја охрабри да издржи, изјави италијанската политичарка во интервју за едно италијанско радио.
Бонино разговараше со Папата и за актуелната трагедија на бегалците и проблемите со миграцијата.
Ема Бонино (67) на почетокот од годината откри дека боледува од тумор на белите дробови. Моментално е на хемотерапија. Политичката кариера на Бонино започна во 70-те години од минатиот век во Радикалната партија. Бонино беше министер за надворешни работи на Италија во периодот од април 2013 до февруари 2014 година.
РВ/го*ко