Папата продолжува со Генералните аудиенции во среда

Папата продолжува со Генералните аудиенции во среда

Утре, среда, 9 август 2023 по летната пауза во месец јули, во салата Павле VI. Папата ќе продолжи со Генералните аудиенции.

По паузата во текот на јули, од утре, среда 9 август, повторно ќе се одржуваат Генералните аудиенција на папата Фрањо. Првата овој месец ќе се одржи утре во салата Павле VI.

Последната Генерална аудиенција пред вообичаениот летен распуст беше во среда, 28 јуни, на плоштадот Свети Петар.

Една недела претходно, во среда, на 21 јуни, тој традиционален настан беше откажан „поради постоперативното закрепнување на Светиот Отец“ по лапаротомијата и пластичната операција на абдоминалниот ѕид во поликлиниката „Гемели“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот