Папата: Приоритет на политиката е борба против мафијата

Папата: Приоритет на политиката е борба против мафијата

На 21 септември 2017 година, папата Фрањо се сретна со Италијанската парламентарна комисија за борба против мафијата.

Својот говор го започна потсетувајќи на тројцата судии, кои беа убиени од мафијата: Џовани Фалконе и Паоло Борселино, кои се убиени пред 25 години и слугата Божји Розарио Ливатино, кој е убиен на 21 септември 1990 година.

Светиот Отец потоа истакна дека корупцијата секогаш пронаоѓа начини како да се оправда, претставувајќи се притоа како „нормална“ состојба, како решение за „лукавите“, како пат по кој човекот оди за да ги постине сопствените цели. Папата исто така рече дека корупцијата има заразна и паразитска природа, бидејќи не се храни од она доброто што се произведува, туку од она што се одзема и пљачка.

Веродостојната политика – продолжи папата Фрањо – работи на тоа за да ја загарантира иднината на надеж и да го промовира достоинството на секој човек. Токму заради тоа таквата политика ја гледа борбата против мафијата како еден од своите приоритети, бидејќи таа го краде општото добро, одземајќи им ја на луѓето надежта и достоинството.

Светиот Отец рече дека борбата против мафијата, не значи само да се потисне, туку исто така да се врати, да се преобрази, изгради, ангажирајќи се на политичко ниво за поголема социјална правда. Тоа подразбира две нивоа на одговорност. Првата е она политичката и тоа по пат на социјална правда затоа што мафијата се претставува како алтернативен систем на оние подрачја каде недостасуваат права и можности: работа, дом, образование и здравствена грижа.

Другото ниво на одговорност е економското, по пат на поправање или укинување на оние механизми кои предизвикуваат нееднаквост и сиромаштво. Тие двојни нивоа, политичко и економско – заклучи папата Фрањо – претпоставуваат уште еден елемен кој не е помалку важен, а тоа е градењето на нова граѓанска свест која е претпоставка за вистинско ослободување од мафијата.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот