Папата прими делегација на Руската Православна Црква

Папата прими делегација на Руската Православна Црква

Во средата на 30 мај 2018 година, во Ватикан папата Фрањо ја прими делегацијата на московскиот патријарх која ја предводеше митрополитот Иларион Алфеев, шеф на одделот за надворешни работи на Руската Православна Црква.

Светиот Отец пред делегацијата на Руската Православна Црква рече дека единствениот пат кој ни ветува нешто сигурно е патот на единството затоа што патот на поделбата нѐ води до војни и уништување. Пред присутните го изрази своето уверување дека никогаш нема да дозволи од Католичката Црква да произлезе став на поделба и рече: Во Москава, во Русија постои само еден патријархат: вашиот. Ние немаме да имаме друг.

Патот на единството

Папата истакна дека екуменизмот кој се остварува со заедничкото одење е патот кон христијанското единство. Светиот Отец спомна дека некои сметаат дека прво е неопходен доктринарен договор, но тоа не функционира затоа што не е познато кога ќе се постигне тој договор. Истакна дека е важно да се продолжи да се проучува теологијата за да се разјаснат нејаснотиите, но истовремено е потребно да се продолжи со заедничкото одење.

Светиот Отец ја поттикна делегацијата да продолжи да оди во љубовта и молитвата, молејќи секогаш за дијалог. Потоа се присети на средбата со московскиот патријарх Кирил во Куба, во февруари 2016 година, велејќи дека во средбата со патријархот пронашол брат и сега духовно одат заедно.

Почитта кон Руската Православна Црква

Папата Фрањо ја истакна почитта која Католичката Црква ја негува кон своите православните браќа Русите, изразувајќи ја намерата на Католичката Црква да не се меша во внатрешните работи на Руската Православна Црква. На крајот ги повика сите присутни да се молат едни за други и рече дека на својот ноќен ормар чува реликвија од свети Серафим, кој му ја подарил патријархот Кирил, и дека секоја вечер и секое утро се моли за единство.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот