Папата: Препознајте го Исус во оние кои страдаат

Папата: Препознајте го Исус во оние кои страдаат

Светиот Отец на Цветна недела, 9 април 2017 година, го предвoдеше евхаристиското славење на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Во проповедта ги повика собраните верници да Го препознаат Исус во оние наши браќа и сестри кои страдаат.

Светиот Отец на Цветна недела го предвoдеше евхаристиското славење на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Подолу ја пренесуваме во целост проповедта на Папата:

Ова славење како да има двоен вкус; и сладок и горчлив; радосно е и болно затоа во него, го славиме Господ Кој влегува во Ерусалим и кој од страна на своите ученици е почестен како цар; додека истовремено свечено се навестува евангелската проповед за Неговата смрт. Заради тоа нашето срце го чувствува горчливиот контраст и го вкусува во најмала мера она што Исус морал да го почувствува во своето срце тој ден, денот во кој се радува со своите пријатели и со кои плаче над Ерусалим.

Веќе 32 години радосната дименизија на оваа Недела е збогатена со празникот на млади: Светскиот ден на младите, кој оваа година се слави на бискупско ниво, но, кој на овој плоштад наскоро ќе доживее возбудливи моменти, отворање на хоризонти, со предавањето на крстот кој младите од Краков ќе го предадат на младите од Панама.

Евангелието навестено пред процесијата (Мт 21, 1-11), опишува како Исус слегува од Елеонската гора јавајќи на осле, кое никој до тогаш не го јавал; се нагласува ентузијазмот на учениците кои го придружуваат Учителот со свеченото воскликнување; и најверојатно е да дека тоа ги „заразило“децата и младите од градот, кои се придружиле на поворката со своето воскликнување. Самиот Исус во тоа радосно добредојде ја препознава незапирливата сила која на Бог му е по волја, а на фарисеите кои се згрозиле од Него им одговара: „Ви велам, ако тие замолкнат, камењата ќе повикаат.“

Но, овој Исус Кој според Писмата токму така влегува во Светиот град, не е измамник кој шири илузија, пророк „New age“ („Нова доба“), продавач на чад – далеку од тоа! Тој е јасно одредениот Месија, со конкретна физиономија на слуга, слуга на Бог и човек кој оди за да поднесе мака; Маченик со човечки болки. Па, додека и ние ја славиме славата на светиот Цар да мислиме и на маката која во оваа недела треба да ја поднесе. Да помислиме на клеветите, навредите, замките, предавствата, на напуштеноста, на неправедниот суд, на ударите, камшикувањето, на трновата круна… и на крајот Крстниот пат, на распнувањето.

Тој јасно им кажал на своите ученици: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека оди по Мене;“ Тој никогаш не ветувал почести и утехи. Евангелијата се јасни. Секогаш ги предупредувал своите пријатели дека тоа е неговиот пат и дека до конечната победа ќе помине преку маката и крстот. И за нас истото важи. Верно да Го следиме Исус; да молиме за милоста тоа да не биде на зборови, туку со дела и да има трпение при носењето на својот крст: да не го одбиваме, да не го отфрламе туку – гледајќи го Него (Исус) – да го прифатиме и да го носиме од ден на ден.

И овој Исус, Кој прифаќа да се слави, иако знаејќи добро дека го чека: „Распни го!“ не бара од нас да Го гледаме на сликите или на фотографиите или во видео записите кои кружат на интернет. Не. Тој е присутен во толку наши браќа и сестри денес, кои денес како Него страдаат; страдаат заради принудна работа, заради семејни драми, заради болести… Страдаат заради војна и тероризам, заради интереси кои го придвижуваат оружјето и го активираат. Измамени мажи и жени, повредени во своето достоинство, отфрлени… Исус е во нив, во секој од нив, а со изобличено лице и рапав глас моли – нè моли – да го погледнеме, да го признаеме и да го сакаме.

Не е некој друг Исус, туку истиот Оној Кој влезе во Ерусалим со мавтањето на палмови и маслинови гранчиња. Истиот оној кој е прикован на крстот и умре помеѓу двајца злосторници. Немаме Господ освен Него: Исус, понизниот Цар на праведноста, милосрдието и мирот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот