Папата: Порака до учесниците на собирот за екологија во Краков
Светиот Отец испрати пораката до учесниците на собирот „Целосна екологија. Laudato sì – Младите протагонисти на промени“ кој се одржува во Краков на почеток на седмицата посветена на Светскиот ден на млади.
Треба подготвено да ги слушаме знаците на уништувањето и смртта кои го придружуваат одењето на човештвото, сензибилирајќи ги институциите за економскиот систем да не биде насочен исклучиво на потрошувачката на природните богатства и човечките суштества, туку да промовира целосно остварување на секој човек и вистински развој – поттикна Светиот Отец во пораката до учесниците на собирот „Целосна екологија. Laudato sì – Младите протагонисти на промени“ која ја испрати преку кардинал Пиетро Паролин својот државен секретар.
Италијанското и полското Министерство за животна средина, универзитетот Иван Павле II во Краков и здружението Иван Павле II и организацискиот одбор за Светскиот ден на млади организираат собир во Краков кој ќе се одржа на 27 јули 2016 година на почеток на седмицата посветена на Светскиот ден на млади, пренесува агенцијата Сир.
Потфатот, стои во пораката која ја прочита краковскиот надбискуп кардинал Станислав Џивиш, помага во размислувањето за заедничката одговорност за чувари на создаденото според Божјиот план запишан во природата. Папата Фрањо „поттикнува да се сфати дека природата е прекрасен Божји дар за благосостојба на сите човечки битија. Треба да се тргне од нашето секојдневие ако сакаме да го промениме начинот на живеење и намалување на трошењето, свесни дека и малите гестови можат да ја гарантираат одржливоста и иднината на човечките семејства – пренесува агенцијата Сир.
РВ/к.мк