Папата: Политичарот христијанин е повикан да биде сведок

Папата: Политичарот христијанин е повикан да биде сведок

Политичарот христијанин е повикан пред сѐ да настојува понизно и храбро да биде сведок.

На 22 август 2018 година, во Ватикан папата Фрањо ги прими учесниците на меѓународната средба во организација на „Меѓународната мрежа на законодавци католици“ која ги собира католичките парламентарци од целиот свет. Основана е во 2010 година како меѓународен и непартиски потфат.

Укажувајќи на патот кој би требало да го следи политичарот христијанин, тој е повикан пред сѐ да настојува понизно и храбро да биде сведок, меродавно предлагајќи нацрти на закони кои се во согласност со христијанското сфаќање за човекот и општеството – рече Папата и продолжи Посебно оние кои се ангажираат за промовирање на заедничкото добро, можат и мора да го дадат својот придонес за основното прашање за верската слобода.

Потсетувајќи дека нивната овогодишна средба е фокусирана на верската слобода и совеста, Светиот Отец се осврна и на делот од повелбата „Dignitatis Humanae“ од 1965 година во која пишува: не недостасуваат режими кои иако во своите устави ја признаваат слободата на вероисповед, настојуваат да ги одвратат граѓаните од исповедувањето на верата.

Моменталните прилики покажуваат дека се наѕираат нови сенки – вели папата Фрањо и објаснува: Во земјите кои минуваат низ фундаментализам трагично се влошува ситуацијата за христијаните и за другите верски малцинства. Се работи за земји кои се погодени од ширење и заострување на нетолерантни, агресивни и насилни ставови кои предизвикале и понатаму поддржуваат дискриминација, вознемирување и отворени прогони кои не секогаш на соодветен начин се процесуирани од државните власти.

Постојат две идологии кои се спротивни, но еднакво опасни за верската слобода и совеста: секуларниот релативизам и верскиот радикализам, а во суштина тоа е тежок верски радикализам – рече Папата.

РВ/к.мк

Таг: Папата до законодавците

Клучни зборови: папа Фрањо, законодавци, Меѓународната мрежа на законодавци католици

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот