Папата повикува на Исповед

Најдобриот начин да се подготвиме за Рождеството Христово – Божиќ и доаѓањето на Исус во светот е исповедта. Поради тоа папата Фрањо ги повика сите во текот на овој пост тоа и да го направат.

Исто така Папата ги повика и своите најблиски соработници, кардинали и архиепископи во Римската курија, секојдневно да исповедаат во Црквата „Свети Дух“ која се наоѓа веднаш на излезот од Ватикан.

Ова иницијатива се планира веќе подолго, но папата Фрањо одлучи да се започне со неа веднаш. И Папата ќе дојде да исповеда, но кога ќе се случи тоа самиот ќе одлучи, рече отец Јозеф. На прашањето, што мисли, зошто го прави ова Папата, одговори:

„Бидејќи сака да ја нагласи важноста на исповедта и Божјата голема добрина кога го простува гревот на човекот.“

Оваа иницијатива започна да се спроведува веќе од минатиот петок, а прв да исповеда започна новиот префект на Конгрегацијата за клерици, архиепископот Бенјамин Стела.

Интересно е што веќе неколку седмици римските верници и поклоници во таа Црква ги исповедува архиепископот Конрад Крајевски, познат како „продолжена рака на Папата“, поради неговтото ангажирање при помош на сиромашните и бездомниците во Рим.

Да го послушаме повикот на Папата и да се исповедаме и покаеме за Божиќ.

Лаудато/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот