Папата повика 5000 бегалци на плоштадот Свети Петар
Папа Фрањо повика 5.000 бегалци да присуствуваат на свeта Литургија на плоштадот Свети Петар која следната недела, 17 јануари, ќе ја служи кардинал Антонио Велјо, соопшти фондацијата Migrantes.
Како што пишува Yahoo News, на света Литургија би требало да учествуваат група составена од мигранти и барители на азил, а после Евхаристијата би требало да поминат низ Светата Врата во базиликата Свето Петар.
Поклоненици – доселеници ќе понесат со себе крстови направени од дрвата на бродовите заглавени на италијанскиот остров Лампедуса. Тој остров служи како прифатна станица за бројни иселеници од африканските и блискоисточните држави, а често на неговиот брег се заглавуваат бродови или чамци со кои мигрантите, често во невозможни услови, се обидуваат да стигнат до европскиот брег.
Според соопштението, хостиите за таа света Литургија се испечени од страна на тројца затвореници кои моментално отслужуваат затворска казна поради убиство во строго контролираниот милански.
„Овие хостии, направени од раце кои убиле носат сведоштво дека копнежот да бидеме спасени по Христовата љубов го допира секого, а не само оние кои отслужуваат затворска казна“, изјави портпаролот на фондацијата Migrantes.
Папата Фрањо на овој начин сака да го одбележи Светскиот ден на бегалците кој се паѓа токму на 17 јануари.
Во својата порака за Светскиот ден на бегалците Папата напиша:
„Да се прифатат другите значи да се прифати Бог. Бегалците нé ставаат пред предизвик. Одговор на евангелието на милосрдието“.
Светиот Отец, исто така, предупреди дека рамнодушноста и молчењето пред трагедијата на губење човечки животи нé прави соодговорни и потсети дека бегалците се наши браќа и сестри во потрага за подобар живот.
Битно нет/к.мк/Б.Р.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк