Папата повика на прекин на насилството во Конго

Папата повика на прекин на насилството во Конго

На 21 јануари 2018 година, Папата на плоштадот „Plaza de Armas“ во Лима ја предводеше молитвата Ангел Господов, а пред молитва упати апел до властите во ДР Конго да направат сè што е во нивна моќ за да се избегне било каков облик на насилство и да бараат решение во корист на општото добро.

Имено, полицијата во Конго вчера употребила солзавец и отворила оган на илјадници демостранти, убивајќи притоа најмалку 6, а ранувајќи повеќе од 50 луѓе.

Светиот Отец во својот наговор исто така ги повика Перуанците да имаат храброст и да ги следат бројните свети примери кои им ги нуди Црквата во нивната земја. Папата рече дека многу животни тешкотии можат да ги обесхрабрат, но ги поттикна да го свртат погледот кон своите светци, како Мартин де Порес, Ружа Лимска и многу други.

Папата Фрањо рече дека нивните примери ни покажуваат дека Бог нè сака онакви какви што сме без никакво фалсификување или подобрување. Знам дека сите сакаме да видиме дигитално подобрување на фотографијата, но тоа само успева со сликите – истакна Папата и додаде дека не можеме да ги „фотошопираме“ другите, светот, ниту самите себе. На Перуанците им рече дека срцето не може да биде „фотошопирано“ затоа што тоа е местото каде треба да се пронајде автентичната љубов и вистинската среќа. Исус ве љуби такви какви сте и има сон за секој од вас – рече на крајот Светиот Отец поттикнувајќи ги да не се обесхрабрат.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот