Светиот Отец им оддаде почит на новинарите во пресрет на Светскиот ден на слободата на медиумите и повика да се обезбеди достоинствена работа насекаде и за сите
Потсетувајќи се на Денот на трудот, кој се одбележува на 1 мај, Папата рече дека тоа треба да биде поттик за обновување на заложбата работата да биде достоинствена секаде и за сите. Тој го спомена и претстојниот Светски ден на слободата на медиумите, оддавајќи им почит на сите новинари кои лично плаќаат за да му служат тоа право.
Од светот на работата да прозлезе волја за развој на економија на мирот е желба на папата Фрањо, која ја изрази при сеќавањето на денешниот Ден на трудот. „Би сакал да се сетам на оние работници кои загинаа на работните места. Тоа е трагедија која е многу раширена, можеби и премногу“.
Слобода на медиумите
А за неколку дена, на 3 мај, се одбележува Светскиот ден на слободата на медиумите, под покровителство на УНЕСКО. Папата им оддаде почит на новинарите кои лично плаќаат за да му служат тоа право. Тој напомена и дека минатата година во светот биле убиени 47 новинари, а приведени се повеќе од 350 новинари. „Посебна благодарност до оние од кои смело не информираат за неволјите на човештвото.
Ватикан њуз/к.мк