Папата повика на пост и молитва за мир во ДР Конго и Јужен Судан

Папата повика на пост и молитва за мир во ДР Конго и Јужен Судан

По молитвата Ангел Господов, на 4 февруари 2018 година, папата Фрањо ги повика сите луѓе со добра волја да се придружат на посебниот „Ден на пост и молитва за мир“ посебно за погодените народи од војната во Демократска Република конго и Јужен Судан.

Соочени со трагичните долготрајни конфликти во различните делови во светот, Светиот Отец ги повика сите верници да учествуваат во тој посебен ден за мир кој ќе се одбележи на 23 февруари, односно во петокот од Првата недела на Великиот пост. Тој ги повика исто така и оние кои не се католици како и оние кои не се христијани да се придружат на оваа иницијатива на начин кои го сметаат за најсоодветен.

Нашиот Отец небесен секогаш ги слуша своите деца кога во болката и вознемиреноста викаат – продолжи Папата – „Он ги изцелува скрушените по срце и ги преврзува раните нивни“ (Псалм 146, 3). Упатувам итен повик и ние да го слушнеме тој крик! Нека секој пред својата совест и пред Бог се запраша: „Што можам да направам за мирот? Сигурно можеме да се молиме, но не само тоа. Секој од нас може конкретно да каже „не“ на насилството, колку што тоа зависи од нас! Победите кои се остваруваат со насилство, се лажни победи, додека да се работи за мирот се прави добро на сите – рече Светиот Отец.

Папата исто така ја загарантира својата близина на народот во Мадагаскар, кој неодамно го погоди силна бура. Притоа настрдаа околу 30 луѓе, илјадници се раселени, а бурата исто така предизвика голема материјална штета. Светиот Отец се помоли Господ да им даде утеха и поддршка.

Освен тоа, Светиот Отец потсети дека вчера за блажен е прогласен италијанецот лаик Терезио Оливели кој во 1945 година е убиен во концетрациониот логор Херсбурк заради својата вера. Тој го сведочи Христос со својата љубов кон најслабите и се придружува на големиот број маченици од минатиот век – рече Папата и додаде: Неговата јуначка жртва е семе за надеж и братство, посебно за младите.

Папата Фрањо потоа спомна дека во Италија денес се одбележува Денот на животот на тема „Евангелието на животот, радост за светот,“ изразувајќи ја заедно со италијанските епископи својата благодарност и охрабрување за различните црковни реалности кои на многу начини го промовираат и поддржуваат животот. Нема многу од ние кои се борат за животот во светот во кој секој ден се произведува сѐ повеќе оружје, во кој секој ден се донесува сѐ повеќе закони против животот, во кој секој ден напредува културата на отфрлање, отфрлање на она што не користи, што пречи – рече Папата повикувајќи на молитва за нашиот народ да стане посвесен за одбраната на животот во ова време на уништување и отфрлање на човештвото.

На крајот ги поздрави сите присутни ходочасници, истакнувајќи ја на посебен начин делегацијата од сицилијанскиот град Агриџенто, на која се заблагодари за нивната посветеност во прифаќањето и интеграцијата на мигрантите.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот