По завршувањето на молитвата Царице небесна во недела 6 мај 2018 година, папата Фрањо ги повика сите да се молат за народот во Централноафриканската Република, земја која ја посети во ноември 2015 година.
Светиот Отец по завршување на молитвата Царице небесна истакна дека Централноафриканската Република минатите денови помина низ тешко насилство од кое многумина се убиени или ранети, а меѓу нив има и еден свештеник. Господ по застапништвото на Блажена Дева Марија нека помогне на сите да кажат „не“ на насилството и осветата за да можеме задно да градиме мир – повика папата Фрањо.
Во нападот на црквата Богородица Фатимска во Бангуи, кој се случи на 1 мај, убиени се најмалку 26 лица, а меѓу нив и еден свештеник. Црвениот крст соопшти дека околу 100 лица се ранети во нападот, а некои од нив се во критична состојба. Станува збор за нов во низата смртоносни напади во Централноафриканската Република, каде државната власт слабее, а расте опасноста од повторно избувнување на меѓуверски судири.
РВ/к.мк