Папата повика на молитва за Сеправославниот собор

По молитвата Ангел Господов во недела 19 јуни папата Фрањо потсети дека денес според јулијанскиот календар се слави Педсетница со чија прослава на Крит започна Сеправославниот собор. „Да се обединиме во молитвата за нашите православни браќа повикувајќи го Светиот Дух со своите дарови да им помогне на пастирите, архиепископите и епископите кои се среќаваат на Соборот“ – рече папата Фрањо измолувајќи со верниците на таа накана Радувај се Маријо.

Светски ден на бегалците

Покрај тоа потсети дека вчера за блажена е прогласена монахињата Марија Целесте Кростароса и дека утре се одбележува Светскиот ден на бегалците на тема „Со бегалците. Ние сме на страната на оние кои се приморани да побегнат.“ Бегалците се луѓе како сите, но на нив војната им го одземал домот, роднините, пријателите. Нивните приказни и нивните лица нè повикуваат на обновено залагање за градење на правда и мир. Заради тоа сакаме да бидеме со нив: да се среќаваме, да ги прифаќаме, заедно да станеме градители на мирот според Божјата волја – рече на крајот Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот