Папата Фрањо повика на молитва за претстојното патување во Унгарија и Словачка и потткна на „дела на милосрдие и гостопримство“.
Апостолско патување од 12 до 15 септември 2021 година започнува во Унгарија. Следната недела, папата Фрањо ќе ја служи завршната света Литургија на Светскиот евхаристиски конгрес на плоштадот на хероите во Будимпешта, а потоа ќе отпатува за Словачка, каде што ќе се сретне со претставници од Црквата, политиката и општеството и ќе служи божествена Литургија на византиски обред.
„Во срцето на Европа“
Етапите во Унгарија и Словачка „ќе бидат денови на обожавање и молитва во срцето на Европа“, рече Папата во недела 5 септември 2021 година за време на неговото обраќање по молитвата Ангел Господов и им се заблагодари на сите организатори. „Ги поздравувам сите што ме очекуваат и со кои сакам да се сретнам со целото мое срце. Ги замолувам сите да ми се придружат во молитвата!”
Во врска со христијанските сведоци на верата и мачениците во Источна Европа, тој повик да се следи нивниот пример и „денес да сведочат за радосната вест Господова – не толку со зборови, туку пред сѐ со дела на милосрдие и гостопримство“.
Конгресот започна во недела
Светскиот евхаристиски конгрес во Будимпешта е отворен во недела попладне со голема света Литургија на отворено. На светата Литургија на плоштадот на хероите во главниот град на Унгарија присуствуваа илјадници верници, меѓу кои и бројни деца и ученици од католичките училишта од надбискупијата Будимпешта-Естергом кои примија Првата причест. Оваа литургиско славење со кардиналот од Будимпешта Петер Ердо и претседателот на Советот на европските бискупски конференции, кардиналот Анџело Бањаско, го означува почетокот на еднонеделниот меѓународен црковен настан на кој Папата ќе пристигне следната недела и ќе ја служи завршната света Литургија.
Ватикан њуз/к.мк