Папата повика на мир на Блискиот Исток и во Венецуела

Папата повика на мир на Блискиот Исток и во Венецуела

Папата Фрањо по молитвата Царице небесна повика на мир во Светата Земја и на целиот Блиски Исток, како и во Венецуела.

Светиот Отец по молитвата Царице небесна, на 20 мај 2018 година поттикна денес на празникот Педесетница да продолжиме да го повикуваме Светиот Дух да ја поддржи желбата и гестот за дијалог и помирување во Светата Земја и на целиот Блиски Исток. Потсети на вчерашното молитвено бдение за мир кое се одржа во Ерусалим, во светиот град на Евреите, христијаните и муслиманите. Исто така го сврте вниманието кон саканата Венецуела, барајќи од Светиот Дух на целокупниот народ во таа земја да му даде мудрост да го пронајдат патот на мирот и единството, а исто така се помоли за затворениците кои загинаа во минатонеделниот бунт.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот