Папата повика за мир: Не може да се војува во Божјо име
По молитвата Ангел Господов во недела 10 август 2014 година, папата Фрањо повторно повика за мир во Ирак, Газа, повика на молитва за жртвите од ебола и се препорача во молитивите за неговото Апостолско патување во Јужна Кореја.
************************
Драги браќа и сестри,
Со неверување и чудење ги следам вестите кои стигнуваат од Ирак: илјадници луѓе меѓу кои и многу христијани се исфрлени на брутален начин од своите домови; деца кои умираат од жед и глад во текот на бегството; уапсени жени; масакрирани луѓе; секаков вид на насилство; насекаде уништување; уништување на домовите, верското, историското и културното богатство. Сето тоа претставува тешка навреда за Бог и тешка навреда за човекот. Нека не се донесува омраза во Божје име! Не може да се војува во Божјо име! Сите ние, размислувајќи за таа ситуација, мислејќи на тие луѓе, да се помолиме сега во тишина!
Благодарам на оние кои храбро доставуваат помош на тие браќа и сестри. Уверен сум дека делотворно политичко решение на меѓународно и локално ниво може да ги запре тие злосторства и повторно да воспостави правен поредок. За подобро да им ја загарантирам својата близина на тој сакан народ именував свој личен претставник во Ирак, кардинал Фердинанд Филони кој утре ќе отпатува од Рим.
И во Газа по примирјето е продолжено со војната во која страдаат недолжни, деца… и само уште повеќе го влошува конфликтот помеѓу Израелците и Палестининците.
Да се помолиме заедно на Бог за мир по заговор на Дева Марија: дади мир Господи, во нашите денови и направи нѐ творци на праведност и мир. Маријо Царице на мирот, моли се за нас!
Да се молиме и за жртвите од ебола и за оние кои се борат да ја запрат епидемијата.
Ги поздравувам сите поклоници и Римјаните, посебно младите од Верона, Казаго Сан Мартина, Сармеол и Местрина и извидниците од Тревисо.
Од идната среда до понеделник 18 август ќе престојувам во Апостолска посета на Кореја: ве молам следете ме со својата молитва, ми треба! Ви благодарам! И на сите ви посакувам пријатна недела и добар апетит! До видување!
РВ/Д.И.