Папата повика да се почитуваат дедовците и бабите

Народот кој не ги почитува дедовците и бабите е без иднина – истакна Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 19 ноември во капелата на домот Света Марта. Папата го коментираше првото литургиско читање за старецот Елеазар, кој од доследноста кон својата вера во Бог, одбира смрт, за да им остави на младите сведоштво на исправноста.

Одбира смрт иако со помош на пријателите можел да се спаси; но за да не го издаде Бог и на младите да не им даде лош пример дека лицемерието се исплатува, па макар да станува збор и за негирање на сопствената вера – сето тоа е содржано во случајот со Елеазар, кога се обиделе да го присилат да се откаже од верата. Тој повеќе одбира мачеништво, да го жртвува сопствениот живот, отколку да се спасува преку лицемерие. Овој човек – рече Папата – не се двоуми пред изборот помеѓу отпадништвото и верноста; одбива дволична религиозност. Уште повеќе наместо да мисли на себе, мисли на младите, на белегот кој неговиот херојски чин може да го оствави во нивното сеќавање – рече Папата.

Доследноста на овој човек, доследноста на неговата вера, но и одговорноста да остави благородно наследство; вистинско наследство! Живееме во време кога на старите лица не им се дава важност. Грдо е тоа така да се каже, но се отфрлени, нели е така? Бидејќи „пречат“. Старите луѓе ни ја донесуваат историјата, ни ја донесуваат науката, ни ја пренесуваат верата и ни ја оставаат во наследство. Тие се како доброто и остарено вино; во себе го имаат она нешто со кое ни оставаат благородно наследство – објасни папата Фрањо.

Папата Фрањо се потсети на една приказна од неговото детство. Во едно семејство живееле татко, мајка, деца и дедо. Дедото додека јадел супа го валкал лицето. На таткото му било непријатно… и кажува на децата зошто нивниот дедо така се однесува, и му купува една маса за неговиот татко во иднина да јаде на неа. Еден ден кога таткото на децата се враќа дома, го затекнува синот како си игра со дрво. Што правиш? – го праша на момчето. – Една маса, одговорило момчето… А зошто? – За тебе тато; кога ќе остариш како дедо…

Папата рече дека таа приказна му користела во животот. „Дедовците се богатство.“ Посланието до Евреите вели: Помнете ги вашите наставници, што ви го проповедаа Словото Божјо и имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, подржавајте ја верата нивна“. Сеќавањето на нашите претци нѐ упатува да ја наследуваме нивната вера. Навистина, староста често пати малку е грда, зар не? Поради болести и сѐ останато, но мудроста која ја поседуваат нашите дедовци е наследство кое треба да го прифатиме. Ако некој народ не се грижи за дедовците, ако не ги почитува, тогаш нема иднина, бидејќи нема сеќавање, го изгубил памтењето – рече Папата.

Би ни користело да мислиме на бројните стари и старици во домовите за стари лица, но и на многумина – грдо е тоа да се каже, но ќе кажеме –  кои се напуштени од своите. Тие се богатство на нашето општество. Да молиме за своите дедовци и баби, кои често играле херојска улога во пренесување на верата за време на прогони.

Кога таткото и мајката не биле дома или кога би имале чудни идеи која тогашната политика ги учела, дедовците и бабите ја пренесувале верата. Четвртата Божја заповед: единствено ветува нешто за возврат. Тоа е заповед на милосрдие. Биди милостив со своите претци. Од свети старци и старици: Симон, Ана, Поликарп и Елеазар – од бројните свети старци и старици, денес да молиме милост; милост за да ги чуваме, слушаме и почитуваме своите претци; своите дедовци и баби заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот