Да љубиш, да го пасиш довереното стадо и да се подготвиш за крст, но пред сѐ да не паднеш во искушението „да се мешаш во животот на другите“ – истакна папата Фрањо на светата Литургија, во домот Света Марта на 18 мај 2018 година.
Папата тргна од делот од Евангелието според Иван во кој се опишува последниот разговор помеѓу Исус и Петар. Тоа е разговор кој за Симон е полн со спомени, од тие кога Исус му го менува името, поминувајќи низ моментите на слабости, сѐ до оној момент кога запеа петелот пред тој да се откаже од Него. Тоа е духовен пат кој Господ го сака за секој од нас за да се присетуваме на патот кој сме го поминале со Него – нагласи Папата.
Во проповедта Светиот Отец потсети на трите упатства кои Исус му ги дава на Петар: „Љуби, паси и подготвувај се.“ Над сѐ љубовта која е клучна граматика за да бидеме вистински ученици на Синот Божји; а потоа „да пасеме и да се грижиме“, затоа што вистинскиот идентитет на пастирот е да пасе, „иденетитетот на епископот и на свештникот е да биде пастир“ – рече Папата.
Љубете ме, пасете и подготвувајте се. Љубете ме повеќе од другите, љубете ме така како што можете, но љубете ме. Она што Господ го бара од пастирот и од сите нас е да љубиме. Првиот чекор во дијалогот со Господ е љубовта – рече папата Фрањо и потсети: Оние кои го прифаќаат Господ се предодредени за мачеништво, за носење на крст, да одат таму каде што не сакаат, но тоа е компас кој го насочува патот на пастирот.
Подгответе се за искушенија, подгответе се да оставете сѐ за да дојде некој друг и да прави поинакви работи – рече Папата и повика: Во животот подготвувајте се за тоа одрекување. Тоа ќе ве одведе на патот на понижувањето, а можеби и на патот на мачеништвото. Тогаш кога сте биле пастири, некои ве фалеле и добро зборувале за вас, сега ќе ве озборуваат затоа што другите кои доаѓаат изгледаат подобри. Подгответе се за крст кога ќе ве водат таму каде не сакате. Љубете ме, пасете, подготвувајте се. Таа е насоката за патување и компасот на пастирот – рече папата Фрањо.
На крајот од проповедта Светиот Отец се фокусираше на уште едно искушение кое е толку раширено, а тоа е желбата да се мешаме во животот на другите не задволувајќи се само гледајќи на сопствениот живот. Гледајте си ја својата работа и не го туркајте носот во животот на другите. Пастирот љуби, паси, се подготвува за крст, за да биде лишен од сѐ и не се меша во животот на другите, не го губи времето во затворени кругови. Пастирот љуби, паси се подготвува но не паѓа во искушение – заврши Папата.
РВ/к.мк