Папата: Пастирите треба да ја навестуваат вистината

Папата: Пастирите треба да ја навестуваат вистината

Нека пастирите ја кажат вистината и нека ги прифаќаат луѓето со она што можат да го дадат; тоа е првиот чекор, на другото ќе мисли Господ – тоа накратко е главната мисла од проповедта на Папата на светата Литургија на 15 декември 2016 година во домот Света Марта.

Во центарот на проповедта беше ликот на свети Иван Крстител. Литургиските читање овие денови нѐ поттикнуваат на размислување за неговата служба; тој бил човек кој живеал во пустина, проповедал и крштевал.

Остар говор на Иван Крстител кон фарисеите и книжниците

Сите го посетувале и фарисеи и книжници, но биле ладни; оделе за да го судат, а не за да ги крсти. Во денешното Евангелие Исус го прашува мноштвото што одело да гледат во пустината: „Трска ли што се лулее од ветар? (…) Човек ли облечен во меки алишта?“ Не одат да гледат човек во раскошна облека затоа што оние кои живеат во раскош се наоѓаат во царските палати, а некои и во епископска палата – додаде Папата.

Оној кој одат да го гледаат е напротив пророк и повеќе од пророк, меѓу родените од жени нема поголем од Иван, последниот од пророците затоа што после него доаѓа Месијата – објасни папата Фрањо и се задржа на причините за неговата големина. Бил човек верен на она што Господ го барал од него, бил голем затоа што бил верен. Неговата големина се гледа и во неговото проповедување.

Остро проповедал – рече Папата – лоши работи говорел на фарисеите, книжниците и свештениците. Не им се обраќал со зборовите: „Драги мои, убаво се однесувате“, туку едноставно им говорел дека се змии затоа што се приближувале за да гледаат и да контролираат, но никогаш со отворени срца. Така го ризикувал животот, но бил верен.

И на Ирод му говорел во лице: „Прељубниче не ти е дозволено така да живееш!“ И тоа му го кажал во лице. Но, кога некој парох денес во проповедта би кажал: „Меѓу вас има некои кои се змии и има многу прељубници“, епископот сигурно би примил запрепастувачко писмо со молба: Тргнете го тој парох кој нѐ навредува. И Иван навредувал – рече Папата и објасни – бидејќи бил верен на својот повик и вистина.

Митниците Иван Крстител ги охрабрувал на првиот чекор и ги крштевал

На митниците, јавните грешници бидејќи го искористувале народот им говорел: „Не барајте повеќе отколку што ви е одредено.“ започнувал од мали работи. И ги крштевал – рече Папата и додаде – Најпрво тој чекор, а потоа ќе видиме. Од војниците, од полицијата барал никому да не му се закнуваат и никого да не пријавуваат и да се задоволат со својата плата. Тоа значи да не се влегува во светот на изнудените пари – објасни папата Фрањо и како пример го спомна случајот кога ќе нѐ запре полицаец за да нѐ контролира дали сме консумирале алкохол.

Иван ги крстил сите тие грешници, но со мал чекор напред затоа што знаел дека со тој чекор Господ ќе го направи сето останато. И се преобраќале. Тој е пастир кој ја разбирал состојбата на луѓето и им помагал да одат напред со Господ – истакна Папата. Освен тоа Иван бил единствениот пророк на кој му била дадена милоста да го најави Исусовото доаѓање.

И Иван Крстител имал свој сомнежи

Иако Иван бил голем, силен, сигурен во својот повик и тој имал мрачни моменти и сомнежи – рече папата Фрањо. Имено Иван во затворот започнува да се сомнева иако го крстил на Исуса, затоа што бил Спасител каков што не го замислувал. Затоа испратил двајца од своите ученици за да го прашаат дали токму Тој е Месијата. А Исус го коригира видувањето на Иван со јасен одговор. На учениците им вели да му јават на Иван што слушнале и што виделе: слепи прогледуваат, глуви прослушуваат, мртви воскреснуваат. Големите луѓе можат да си дозволат сомнежи затоа што се големи – рече Папата.

Сигурни се во својот повик, но секој пат кога Господ ќе им покаже некој нов пат паѓаат во сомнеж. Си мислат: Но, тоа не е правоверно, тоа е еретичко, тој не е Месијата кој го очекував. Тоа го прави ѓаволот, а му помага и некој пријател, нели? – рече Папата и истакна: Тоа е големината на Иван, тој е голем, последен во низата верници кои започнале со Авраам, оној што проповеда преобраќање, кој не ги избира зборовите за да ги осуди горделивите, кој на крајот од животот си дозволува сомнеж. Таа е убавата програма на христијанскиот живот – истакна Светиот Отец.

Помогни им на луѓето да го направат првиот чекор, потоа Бог ќе го направи останатото

Папата на крајот ги резимираше главните точки од својата проповед: треба сѐ да се каже со вистина и да се прими од луѓето она што тие можат да го дадат; тој е првиот чекор. Да молиме од Иван милост за апостолска храброст секогаш да ја кажуваме вистината, милост со пасторална љубов да ги прифаќаме луѓето со она мало што можат да го дадат, тој прв чекор. Останатото ќе го направи Бог – повтори на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести, Проповеди

За авторот