Папата го прими претседателот на Република Ангола

Папата Фрањо на 2 мај 2014 година во Ватикан го прими претседателот на Ангола Хозе Едуард дос Сантос, кои потоа се сретна со Папскиот државен секретар, кардиналот Паролин и архиепископот Доминик Мамберти, секретар за односи со државите.

За време на срдечните разговори – како што стои во соопштението на Канцеларијата за печат при Светата Столица – спомнати се добрите односи меѓу двете држави. Посебно станало збор за нацрт Билатералниот договор, кој се однесува за правниот статус на Католичката Црква во таа земја. Во тој контекст е истакнат важниот допринос на Католичката Црква која го дава на таа држава со своите воспитни и здравствени установи.

На крајот се разгледани некои предизвици со кои се соочува таа земја, како и целиот тој регион, како што е сузбивањето на сиромаштвото и општествената нееднаквост, целосен развој на личноста, помирување, праведност и мир, а посебно вимание е посветено на разните судири кој го мачат континентот – стои во соопштението на Канцеларијата за печат при Светата Столица.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот