Папата: Палестинците и Израелците имаат право да живеат во мир (видео)

Папата: Палестинците и Израелците имаат право да живеат во мир (видео)

Во видео пораката објавена од Папската светската молитвена мрежа, папата Фрањо ги охрабрува верниците да молат за Украина и посебно за Светата Земја, за споровите да се решаваат со дијалог и преговори, а не со мноштво мртви од двете страни.

Секоја војна е пораз. Војната не решава ништо. Ништо. Сè се постигнува со мир и дијалог.

Ова папата Фрањо постојано го повторува, за сите конфликти во светот, а во последно време особено насочувајќи го својот поглед кон Украина и Светата Земја, места за кои апелите се секојдневн, како и овој од 22 ноември 2023 година, преку видео порака што ја реализира Папската светската молитвена мрежа, која тој самиот ја замолил да организира посебна молитвена кампања за мир во светот и во Светата Земја.

Сите ја чувствуваме болката од војните. Знаете дека од крајот на Втората светска војна, во различни делови на светот беснеат војни. Кога се далеку, можеби нема да ги чувствуваме толку силно. Двете војни се многу блиску и не поттикнуваат да реагираме: Украина и Светата Земја.

Два братски народи

Она што се случува во Светата Земја – рече тој – е многу сериозно. Палестинскиот народ, народот на Израел, имаат право на мир, тие имаат право да живеат во мир; два братски народи.

Дијалог и преговори за мир

Затоа, барањето на Папата е повторно да се моли за мир во Светата Земја. Да молиме споровите да се решаваат со дијалог и преговори, а не со мноштво мртви од двете страни. Ве молам, да молиме за мир во Светата Земја.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот