Папата: Отворете се за Божјата вистина

Користејќи го Божјото Слово против Божјите зборови книжниците ги судат другите, своето срце го затвoраат за пророштвото, нив не ги интересира животот на човекот, туку нивните закони и зборови – рече Светиот Отец на светата Литургија во капелата на домот Света Марта на 11 април.

Осврнувајќи се на првото литургиско читање од Делата  светите апостоли кое зборува за книжниците кои лажно го обвинуваат Стефан затоа што „не можеа да му се спротивстават на мудроста и Духот со Кого тој зборуваше“, Папата рече дека срце кое е затворено за Божјата вистина единствено го одржува законот, и многу повеќе и повеќе од законот и буквите и нема друг излез освен лагата, лажниот сведок и смртта. Исус веќе ги укорил заради таквото однесување затоа што нивните татковци ги убивале пророците, тие сега на тие пророци им подигаат споменици – рече Светиот Отец додавајќи:

Одговорот на книжниците е повеќе циничен отколку лицемерен: Да сме биле на местото на своите татковци сигурно дека немало да постапат како нив. Тие така ги мијат своите раце и се сметаат за праведници. Но, нивното срце е затворено за Божјиот гласник кој го донесува пророштвото за Божјиот народ да може да оди напред – објасни Папата.

Болно ми е кога го читам оној мал дел од Евангелието по Матеј; кога покајникот Јуда оди кај свештениците и им вели: згрешив и ги враќа сребрениците. Што нѐ интересира нас тоа? – му одговараат: Тоа е твоја работа! Срце затворено пред човекот кој се кае и не знаел што да направи. Тоа е твоја работа! Си заминал и се обесил. Тие така се однесувале кога Јуда се обесил. Тие не велат „кутар човек“. Размислуваат за парите: не смеат во храмот затоа што се за крв… законот така одредува, а тие се книжници – рече Папата.

Нив не ги интересира животот на некој човек, не ги интересира покајувањето на Јуда: Евангелието вели дека се покајал. Нив ги интересира само буквата на нивниот закон, тврдо е нивното срце. Тоа е суровост, лудост на нивните срца, а бидејќи не можеле да одолеат на вистината на Стефан барале сведочења, лажни сведоци за да можат да го осудат. Стефан завршил како и сите пророци како и Исус. Тоа пак се повторува во историјата на Црквата – истакна папата Фрањо и додаде:

Историјата зборува за многу луѓе кои се убиени, осудени иако биле невини (…) Чист таков пример е Исус на крстот, така завршил затоа што бил верен и послушен на Божјото Слово. Со колку нежност Исус им вели на учениците од Емаус: О, безумни и бавни на ум. Денес да Го молиме Господ нежно да гледаат на малите и големите лудости на нашето срце, својот поглед да го сврти на нас и да ни каже „безумни и бавни на ум’ и да ни ги објасни работите – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот