Папата оствари средба со основачот на фејсбук Цукерберг
Светиот Отец на 29 август 2016 година се сретна со Марк Цукерберг основач и главен извршен директот на Фејсбук и неговата сопруга Присила Чан – стои во изјавата на директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Грег Бурке.
Тие разговараа за тоа како да се користи комуникациската технологија за да се ублажи сиромаштијата, да се поттикне културата на средба и да се дојде до пораката на надеж посебно за оние во најтешка положба.
Цукерберг на почетокот на оваа година по повод отворањето на папскиот профил на Инстаграм му честиташе на Светиот Отец за тој медиумски потег. Добредојдовте на Инстаграм папа Фрањо!“ – напиша тогаш основачот на Фејсбук додавајќи: „Без разлика која вера ја практикувате сите нас може да нè вдахне понизноста и сочувството на папата Фрањо. Се радувам да го следам Папата и да набљудувам како ќе продолжи да ја шири својата порака на милосрдието, еднаквоста и праведноста во светот.“
Средбата се случи во домот Света Марта каде што престојува и самиот Папа. Цукерберг е последниот во низата технолошки иноватори кои се сретнале со Светиот Отец. На почеток на оваа година го прими главниот извршен директор на Apple, Тим Кук и поранешниот извршен директор на Гугл Ерик Шмит.
РВ/к.мк