Папата одговори на писмо од парохот на Пијана Криксија
Рим, 17.5.2013 /к.мк/ – Парохијата Пијана Криксија е парохијата на предците на папата Фрањо. Од оваа парохија неговите предци пред многу години емигрирале од Италија во Аргентина. Преку еден една твитер порака на претседателот на областа Лигурија, Клаудио Бурландо од Џенова дознаваме повеќе:
„Драги брате, го примив вашето писмо, напишано заедно со градоначалникот Росино Тапа. Благодарам многу! За мене писмото претставуваше едно прекрасно изненадување“, ова се првите редови од писмото напишано своерачно од папата Фрањо, наменето за отец Наталино Полегато, парох на Пијана Криксија, место кое се наоѓа во Савонската област од која потекнува бабата на Светиот Отец.
Папата Бергољо веднаш потоа си спомнува на еден личен спомен од неговата баба Роза, раскажувајќи дека токму „баба Роза“ е лицето које во него има оставено длабока човечка и религиозна трага и открива дека „од неа го има научено пиемонтскиот дијалект. Писмото на Папата е неочекуван одговор на писмото што парохот Наталино Палегато му го прати во март, неколку дена по неговиот избор со цел да проговори нешто за бабата на Папата.
Инаку писмото папата Фрањо го напишал рачно, вклучувајќи ја адресата на пликото, а наместо името на испраќачот стои рачно напишана голема буква „Ф“.
Писмото во јавноста стигна преку претседателот на областа Лигурија, Клаудио Бурландо, преку еден негов „tweet“ збогатен со коментар во кој вели: „Овој Фрањо кој му пишува директно и рачно на парохот и на градоначалникот на Пијана Криксија е токму тој: Папата“.
Одговорот на Папата завршува со следниве зборови:„Ти благодарам, а преку тебе му благодарам и на градоначалникот. Те молам не заборавај да се молиш за мене. Господ нека те благослови и Богородица нека те чува. Братски Фрањо“!
Може да се забележи дека како и на своето прво појавување веднаш по изборот на плоштадот Свети Петар, Светиот Отец пред да го благослови бара од парохот да се моли за него.
Извор: Vatican Insider/Превод:В.Н.