Папата: Ни требаат лаици во излегување
Треба да се поттикнуваат лаиците сѐ повеќе да се вклучуваат во навестувањето на Евангелието во знакот на Вториот ватикански собор – истакна Светиот Отец во говорот до учесниците на пленеарната сесија на Папскиот совет за лаици кои на 17 јуни 2016 година ги прими во аудиенција.
Зборувајќи за реформите кои ќе ги обедини Советот за лаици со Советот за семејство и Папската академија за живот истакна дека реформата се случува заради обновената доверба во посланието на лаиците во Црквата.
Заврши еден важен период, а се отвара нов хоризонт за посланието на лаиците во Црквата. На последната пленеарна сесија на Советот за лаици Папата пред сè се заблагодари на сите кои работат во Советот кој го посакувал Вториот ватикански собор, а посебно блажениот папа Павле VI.
Не требаат лаици кои „овластуваат“ во хиерархија
Зборувајќи за плодовите на педестгодишното делување на Советот од Светскиот ден на млади до појавата на новите лаички здруженија и се поважната улога на жената во Црквата, Папата до членовите на Советот рече Соборот ги задолжил да ги поттикнуваат верниците лаици сѐ повеќе да се вклучуваат во евангелизациското послание на Црквата не преку „полномошници“ во хиерархијата затоа што учествувањето во спасителското послание на Црквата е нивен апостолат за кои сите преку Крштението и Миропомазанието се одредени од самиот Господ (LG, 33). Преку Крштението секој верник лаик станува Господов ученик – мисионер, сол на земјата, светлина на светот, квасец кој одвнатре ја преобразува реалноста – рече Папата.
Реформата на Куријата ги зема во предвид и новите предизвици за лаиците
Преку Крштението се влегува во црквата, а не преку свештеничко или епископско ракополагање. Сите сме влегле на иста врта. Имајќи во предвид тоа што е направено време е со надеж повторно да се гледа во иднината. Реалноста ни носи нови предизвици. Оттаму и проектот за реформи посебно здружувањето на вашиот Совет со Советот за семејството и Папската академија за живот – рече Папата додавајќи:
Ве повикувам да ја прифатите оваа реформа во која ќе бидете вклучени како знак за вреднување и благодарност за работата која ја извршувате и како знак на обновената доверба во звањето и посланието на лаиците во денешната Црква. Новото тело како кормило за продолжување на пловидбата ќе ги има апостолските поттикнувања „Christifideles laici“ „Evangelii gaudium“ и „Amoris laetitia“ бидејќи семејството и одбраната на животот е привилигираното подрачје за работа – истакна Светиот Отец.
Потребни се лаици во излегување за да стигнат до најоддалечените и оние во потреба
Во контекст на Јубилејот на милосрдието Црквата е повикана да биде во „трајно излегување“ евангелизациска заедница која знае храбро да оди напред во пресрет да ги бара најодалечените и да стигне на раскрсницата на улицата за да ги повика исклучените. За вашата иднина предлагам да организирате: Црква во излегување – лаицитет во излегување – рече Папата.
И вие подигнете го погледот и гледајте „надвор“ на бројните оддалечени од нашиот свет, на семејствата во тешкотии и на потребата за милосрдие, на бројните неистражени подрачја за апостолат, на бројните лаици со добри и великодушни срца кои своите сили, време, способности со задоволство би ги ставиле на располагање на црквата кога нивните пастири и црковните институции со љубов и посветеност ги вреднуваат и придружуваат – рече Папата.
Лаици со поглед фиксиран на иднината
Потребни ни се добро подготвени лаици, водени од искрената и јасна вера чиј живот е исполнет со лична и милосрдна средба со љубовта на Исус Христос. Потребни ни се лаици кои ризикуваат, кои не се плашат да ги валкат рацете кои не се плашат да згрешат, кои одат напред. Потребни ни се лаици со визија за иднината кои не се затворени во маленкоста на животот. А на младите им кажав дека ни се потребни лаици со животни искуства кои постојано сонуваат – заврши Папата.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк