Бог кој е на небесата нѐ љуби како што не може никој друг на земјата
Луѓето од првиот ден на својот живот бараат љубов. Ние сме просјаци за љубов. Често доживуваме дека односите на љубов се обележани со ограничувања и себичност; желба за поседување и манипулација. Човечката љубов има двократна природа, цвета и веднаш потоа овенува. Сите ние имаме искуство на слаба и испрекината љубов – рече Светиот Отец за време на катехезата на Геенралната аудиенција во среда 20 февруари 2019 година, концентрирајќи се на човечката љубов и потсети дека постои и друга љубов, а тоа е љубовта на Отецот кој е на небесата, во која никој не треба да се сомнева и ако таткото или мајката не нѐ љубеле, тука е Бог на небесата кој нѐ љуби како што никој друг на земјата не нѐ љубел, ниту пак ќе може некогаш повеќе од Него да нѐ љуби..
Божјата љубов секогаш е постојана – рече папата Фрањо и го цитираше пророкот Исаија кој вели: Може ли жена да го заборави породот свој, а да не се смилува на чедото од утробата своја? А и кога би го заборавила, Јас тебе нема да те заборавам. Ете, на Своите дланки сум те забележал; (Исаија 49,15-16). Денес тетовирањето е во мода. Те истетовирав во своите дланки – вели Бог. Во Божји раце сме, не можеме да се отстраниме. Божјата љубов е како љубовта на мајката која не може да заборави. А ако некоја мајка заборави: Јас нема да те заборавам – вели Бог. Тоа е совршената Божја љубов, така Тој нас нѐ љуби. Ако сите наши земски љубови се распаднале и во рацете не ни останало ништо друго освен прашина, секогаш за сите нас постои, горливата и единствената Божја љубов
За да би молеле, морате да навлезете во таинството на „Божјото татковство“, да станеме свесни дека Бог е наш отец, инаку нѐ молете – рече Светиот Отец и продолжи: Тогаш започнуваме спонтано да размислуваме за ликовите на своите родители; но мораме на некој начин да ги исчистиме и прочистиме. Никој од нас немал совршени родители, и ние никогаш нема да бидеме совршени родители или пастири, затоа што нашите односи на љубов често се загадени со желбата за поседување или манипулација со другите, така понекогаш изјавите за љубов се претвораат во чувства на лутење и непријателство. Двајца многу се сакале минатата седмица, а денес смртно се мразат. Тоа го гледаме секој ден! Понекогаш на површина излегува горкиот корен кој го имаме во внатрешноста и кој врши зло.
Кога зборуваме за Бог како за отец, треба да одиме подалеку од сликата на своите родители – поттикна папата Фрањо и додаде: Имено, Божјата љубов е љубов на Отецот, кој е на небесата, како што нѐ учи Исус во молитвата ‘Оче наш’, потполна љубов која во овој живот може да ја искусиме само на несовршен начин. Изразот ‘на небесата’ не означува оддалеченост, туку различност на љубовта во основата, друга димензија на љубов, неуморна љубов, која секогаш ќе остане. Доволно е да се каже: Оче наш, кој си на небесата и таа љубов доаѓа.
Затоа не плашете се! Никој од нас не е сам. Ако за несреќа ве заборавил вашиот земски татко и вие сте огорчени на него, нека не ви недостасува основното искуство на христијанската вера да знаете дека сте љубено дете Божјо, и дека нема ништо во животот што може да ја изгаси неговата горлива љубов кон вас – рече Папата и истакна: Луѓето се вечно просјаци за љубов, бараат место каде може да бидат потполно сакани, но не го наоѓаат. Колку пријателства и колку разочарани љубови има во нашиот свет!
Повикувајќи се на Платон, Светиот Отец потсети дека грчкиот Бог на љубовта е најтрагичниот; не е јасно дали тој е ангелско битие или ѓавол, а митологијата вели дека е син на Порос и Пенија, односно лукавство и сиромаштво. Тоа нѐ поттикнува на размислување за двократната природа на човечката љубов која е способна да цвета и веднаш да свени и да умре; тоа што ќе го фати секогаш побегнува. Пророкот Осија грубо ја опишува природната слабост на нашата љубов кога вели: Вашата љубов е како утрински облак кој како роса исчезнува во зората. Нашата љубов често е ветување кое настојува да се одржи, обид кој бргу испарува; скоро како кога сонцето излегува наутро и ја однесува ноќната роса. Сите имаме искуство на слаба и испрекината љубов.
Сакаме да љубиме, но тогаш се соочуваме со своите ограничувања и сиромаштвото на своите сили; неспособни сме да го одржиме ветувањето кое во деновите на милост ни изгледале лесно остварливи – рече папата Фрањо и додаде: Па и апостол Петар се плашел и морал да побегне, и не бил верен на Исусовата љубов. Секогаш постои таа слабост која нѐ принудува да паднеме.
Просјаци сме кои на патот ризикуваат никогаш да не го пронајдат богатството кое го бараат од првиот ден на својот живот, а тоа е љубовта. Токму гладот за љубов, која сите ние ја чувствуваме е повик да се запознае Бог, кој е Отец. Тоа искуство при своето преобраќање го доживеа сјајниот говорник, свети Августин, кој барал меѓу созданија она што никој не можел да му го даде, сѐ додека не го запознал Бог – рече на крајот од катехезата Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк