Светиот Престол соопшти вчера 18 јуни 2020 година дека папата Фрањо во 2020 година не планира патување надвор од Италија.
Папата Фрањо не планира оваа година да патува во странство – соопшти Светиот Престол, затоа што пандемијата со коронавирусот е преголема опасност за неговото здравје. Програмата на Папата за патувањата во оваа година и пред оваа одлука не беше исполнет – единствено предвидено беше патувањето на 31 мај во Малта, кое веднаш по појавата на пандемијата е одложено.
Ватикан њуз/к.мк