Папата: Некои светски моќници не сакаат мир

„Мирот е занаетчиски производ“ кој со сакање на ближните се „кова“ секој ден, а нема мир таму каде е неправдата и каде успеваат трговците со оружје, истакна Светиот Отец говорејќи пред околу 7 илјади италијанските ученици, со кои се сретна во салата Павле VI,

Овие деца учествуваат во образовниот проект на иницијативата „Фабрика на мир“ под покровителство на Италијанското министерство за образование и Италијанската бискупска конференција.

Секој ден се гради куќа на мир и куќа на војна. Куќата на мирот е занаетчиска, а куќата на војната е индустриска творба. Со гестови на братство и гостољубливост првата ги бара личностите, а втората пак, куќа го уништува мирот поради ненаситност и пари. Салата изгледаше како голема школска училница, каде многу младите „работници“ во Фабриката на мирот разиграни го пречекаа папата Фрањо, врачувајќи му бела заштитна капа и опсипувајќи го со мноштво на прашања на кои Светиот Отец спонтано одговараше.

Мирот е занаечиски, а не индустриски производ. Секој ден се гради со нашата работа, живот, близина и љубов кон ближните. Омразата, љубомората, скржавоста, крадењето го уништуваат мирот, истакна Папата.

Говорејќи за страдањата на децата, Папата рече дека затворот не е решение за малолените деца. Општеството мора да направи на таквите деца да им се овозможи вклучување во животот на општеството. Бог простува сѐ. Сфаќате ли? Ние не знаеме да простуваме. А што значи да се опрости? Падна? Подигни се! Јас ќе ти помогнам да се подигнеш и да се вклучиш во општеството! Мораме да научиме да простуваме, помагајќи му на оној гој погрешил да се подигне, објасни Светиот Отец.

На прашање за еднаквост на сите, Папата рече дека сите имаме еднакви права. Ако сите во некое општество не уживаат еднакви права, тогаш тоа општество не е праведно, а каде нема правда, нема ниту мир, заклучи Светиот Отец.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот