Папата Фрањо упати порака по повод 70 годишнината на Меѓународната организација за миграција, која ја прочита Папскиот државен секретар Пиетро Паролин, а во која Светиот Отец го осудува искористувањето на мигрантите како средство за размена и жртви на политички натпревар. Освен тоа ја поттикнува меѓународната заедница итно да се соочи со причините за нерегулираната миграција затоа што со повеќе легални патишта помала е веројатноста дека мигрантите ќе бидат вовлечени во криминални мрежи на трговци со луѓе.
Расправата за миграцијата не се однесува само на мигрантите; станува збор за сите нас, за минатото, сегашноста и иднината на нашите општества – истакна папата Фрањо во пораката по повод 70 годишнина на Меѓународна организација за миграција која преку видео снимка го прочита Папскиот државен секретар Пиетро Паролин.
И покрај бројните предизвици кои пред нас ги става пандемијата со болеста Ковид-19, тој важен настан во историјата на Организацијата ни дава можност да го обновиме нашето гледање и ангажирање преку соодветен одговор на појавата миграција – истакна Папата. Светиот Престол пред 10 години, по одлука на папата Бенедикт XVI стана држава членка на таа организација. Папата Фрањо затоа ги истакна главните причини кои доведоа до таа одлука, а кои и денес се важни итни. (…)
Не смееме да дозволиме да нѐ изненади бројот на мигранти, туку треба да се сретнеме со сите нив како со личности, гледајќи ги нивните лица и слушајќи ги нивните животни приказни, настојувајќи што подобро да одговори на нивните лични и семејни прилики – истакна Папата и напомена дека за тоа е потребна многу човечка чувствителност, праведност и братство. Треба да избегнуваме денес многу вообичаено искушение – рече, а тоа е отфрлање на сето тоа што изгледа непријатно. Токму таа „култура на отфрлање“ која толку пати сум ја осудил.
Често слушам за тоа што државите прават за да ги прифатат мигрантите, но исто така е важно да се запрашаме: која корист мигрантите ја донесуваат на заедниците кои ги прифаќаат и како ги збогатуваат? – вели Папата и додава, од една страна на пазарите во земјите со средно високи примања работната сила на мигрантите е многу барана и добредојдена како начин за да се надомести нејзиниот недостаток. Од друга страна пак мигрантите често се одбиваат и подложуваат на мрзеливи однесувања во многу заедници кои ги примаат.
За жал тој двоен стандард произлегува од надминувањето на економските интереси над потребите и достоинството на човечката личност. Тој тренд беше видлив во текот на затворањето заради пандемијата од болеста Ковид-19, кога премногу се потребни работници, но не им се даде погодности во програмите за финансиска помош или пиостап до основната здравствена заштита или вакцинирање против таа болест – вели Папата.
Уште повеќе е за осуда – додаде, фактот што мигрантите се искористуваат како средство за размена, како пиони на шаховска табла, жртви на политички натпревар. Сите знаеме – рече Папата, дека одлуката за мигрирање, напуштање на татковината или територијата на потекло несомнено една од најтешките во животот? Како страдањето и очајот можат да се искористат за спроведување или одбрана на политички цели? Како можат да се надминат политичките промислувања кога е во игра достоинството на човечката личност? Основниот недостаток на човечко почитување на националните граници кај сите нас ја намалува во нас човечноста – истакна и предупреди дека не смееме никогаш да го загубиме од вид човечкото лице на миграцијата и фактот дека сме дел од само едно човечко семејство.
Со оглед на тие секојдневни драми, папата Фрањо изнесе четири свои размислувања. Пред сѐ, итно е потребно да се пронајдат соодветни излези од нерегулираните ситуации. Очајот и надежта секогаш преовладуваат над рестриктивните политики. Колку повеќе се легални патишта, помала е веројатноста дека мигрантите ќе бидат вовлечени во криминални мрежи на трговци со луѓе или ќе бидат искористувани и злоупотребени во текот на миграцијата.
Освен тоа, мигрантите ја прават видлива врската која го соединува целото човечко семејство, богатството на културите и ресурсите за размена на подрачјето на развојот и трговските мрежи кои ги сочинуваат заедниците на дијаспората. Во таа смисла важна е интеграцијата која бара двонасочен процес заснован на меѓусебното познавање, взаемната отвореност, почитувањето на законот и културите на земјата домаќин во вистински дух на средба и взаемно збогатување – истакна Папата.
Семејство мигранти е клучен составен дел на заедницата во нашиот глобализиран свет – рече потоа Светиот Отец и предупреди, но во премногу земји заради законските пречки работниците мигранти се лишени од услуги и стабилен семеен живот. Човечката празнина која зад себе ја остава некој татко или мајка кои мигрираат сами, е сериозен потсетник на дилемата за присилување на избор помеѓу мигрирањето за да го прехрани сопственото семејство или уживањето на основното право на достоинствен опстанок во сопствената земја на потекло.
И на крајот Папата ја поттикнува меѓународната заедница итно да се соочи со условите кои доведуваат до нерегулирана миграција, правејќи ја така миграцијата свесен избор, а не очајна потреба. Потребно е да се воспостават подобри економски и општествени услови за миграцијата да не биде единственото решение за оние кои бараат мир, праведност, сигурност и целосно почитување на човековото достоинство. На крајот миграциите не се само приказна за мигрантите, туку и за нееднаквостите, очајот, уништувањето на животната средина, климатските промени, но и соништата, храброста, студии во странство, спојување на семејство, нови можности, сигурност и заштита и тешка но достоинствена работа.
Не смее никогаш да заборавиме дека не станува збор за статистики, туку за реални личности чиј живот е во игра. Католичката Црква и нејзините институтции ќе го продолжат своето послание на прифаќање, заштита, промовирање и интеграција на луѓето во движење – истакна папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк