Папата до Светскиот економски форум: Вештачката интелигенција мора да го промовира, а не да го нарушува човечкото достоинство

Папата до Светскиот економски форум: Вештачката интелигенција мора да го промовира, а не да го нарушува човечкото достоинство

Папата Фрањо упати порака до учесниците на Светскиот економски форум, кој се одржува во Давос од 20 до 24 јануари 2025 година, во која посочува: „Технолошкиот развој кој не го подобрува животот на сите, туку создава или ги зголемува нееднаквости и конфликти, не може да се нарече вистински напредок“. Владите и компаниите треба да покажат „должно внимание и будност“ за вештачката интелигенција да го промовира заедничкото добро, правдата и братството.

„Темата на овогодинешниот состанок на Светскиот економски форум „Соработка за интелигентна доба“ дава добра можност да се размислува за вештачката интелигенција како средство не само за соработка, туку и за поврзување на луѓето. Ова се наведува во пораката на папата Фрањо упатена до претседателот на Светскиот економски форум по повод нивниот годишен собир во Давос, Швајцарија.

Папата потсетува дека „христијанската традиција го смета дарот на интелигенција како суштински аспект на човечката личност создадена „по образот Божји“. Во исто време, Католичката црква отсекогаш била протагонист и поддржувач на напредокот на науката, технологијата, уметноста и другите облици на човечки потфати, сметајќи ги областите на „соработка меѓу мажот и жената со Бога за усовршување на видливиот создаден свет“.

„Вештачката интелигенција е наменета да ја имитира човечката интелигенција што ја дизајнирала, поставувајќи уникатен сет на прашања и предизвици. За разлика од многу други човечки пронајдоци, вештачката интелигенција се тренира на резултатите од човечката креативност. Ова и овозможува да создава нови производи со вештина и брзина која често им конкурира на човечките способности – па дури и ги надминува – предизвикувајќи критичка загриженост за нејзиното влијание врз улогата на човештвото во светот“, потсетува Светиот Отец и продолжува:

„Оваа технологија е дизајнирана самостојно да учи и да прави одредени избори сама по себе, приспособувајќи се на новите ситуации и давајќи одговори кои не се предвидени од нејзините програмери, што покренува фундаментални прашања за етичката одговорност, човечката безбедност и пошироките импликации на овие фактори за општеството. Кога се користи правилно, вештачката интелигенција ѝ помага на човечката личност во исполнувањето на својот повик, во слобода и одговорност“.

Во својата порака до учесниците на Светскиот економски форум во Давос, папата Фрањо истакнува дека „како и со сите другите човечки активности и технолошкиот развој, вештачката интелигенција мора да биде подредена на човечката личност и да стане дел од напорите за постигнување „поголема правда, поголемо братство и похуман општествен поредок на односите“.

Папата гледа особена опасност во ризикот дека „вештачката интелигенција ќе се користи за унапредување на „технократската парадигма“, која ги перцепира сите светски проблеми како решливи исклучиво со технолошки средства. Како што пишува Папата, „во рамките на оваа парадигма, човечкото достоинство и братството често се подредени на напорите околу ефикасноста, како реалноста, добрината и вистината да потекнуваат од технолошката и економската моќ. Технолошки развој што не го подобрува животот за сите, туку ги создава или зголемува нееднаквостите и конфликтите, тоа не може да се нарече вистински напредок. Поради оваа причина, вештачката интелигенција треба да се стави во служба на поздрав, похуман и поцелосен развој.

Светиот Отец ги повикува владите и компаниите на постојан и посебен ангажман, „кои мора да бидат подготвени за сеопфатна анализа и критички да ја оценат примената на вештачката интелигенција во поединечни случаи, со цел да утврдат дали нејзината употреба го промовира човечкото достоинство, повикот на човечката личност и општото добро“.

„Кога примената на вештачката интелигенција и нејзиното општествено влијание ќе станат појасни со текот на времето, ќе биде неопходно да се усвојат соодветни одговори на сите нивоа на општеството – според принципот на супсидијарност – со индивидуалните корисници, семејствата, граѓанското општество, корпорациите, институциите, владите и меѓународните организации кои работат во своите области, со цел да се обезбеди фокус на вештачката интелигенција на општото добро“, заклучи Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот