Папата: На светот му се потребни милосрдни свештеници

На светот му се потребни милосрдни свештеници затоа што милосрдието го менува светот – истакна Светиот Отец во видео пораката до епископите од Латинска Америка и Карибите кои во Богота, Колумбија од 27 до 30 август слават Јубилеј на милосрдието.

Која е сигурна христијанска наука? Едноставно: фактот дека „кон нас се постапувало со милосрдие.“ Во фокусот на своето размислување со латино-американските и карибските епископи Папата ги става зборовите на свети Павле до Тимотеј без виктимизам и издигнување на признание: Исус ме сметаше достоен за доверба, мене кој бев хулител, прогонител и насилен. Но постигнав милосрдие затоа што дејствував од незнаење кога сè уште немав вера (…) Овој збор е сигурен и заслужува сите да го послушат: Христос Исус дојде на светот за да ги спаси грешниците. Од нив првиот сум јас – потсети Папата.

Папата го нагласува глаголот кој свети Павле го користи. Исус бил милосрден со свети Павле и покрај неговото грешно минато. Тоа е доказ дека милосрдието не е идеја, желба, туку вистинско приближување на другата личност. Тоа е конкретен начин на приближување на луѓето кога се во тешка ситуација да сфатат дека во нивниот живот не е кажан последниот збор дека секогаш имаат нова можност – рече Папата додавајќи:

Богот на Павле „го допира срцето“. Затоа нашето постапување кон другите треба да се заснова на промена, а не на страв. Папата вели дека делувањето засновано на стравот донесува разделување, поделба, раздор меѓу луѓето. Таквото однесување го нагласува чувството на вина. Напротив делување засновано на надежта за промена ја нагласува надежта во спознанието, напредокот секогаш бара нови можности. Милосрдието е креативно – рече Светиот Отец додавајќи:

Тоа не сака калапи, туку слободно го бара она што е најдобро за другиот, така што личноста да може тоа да го сфати. Милосрдието ги придвижува сите наши способности, нашите духови, нè изведува од нашите граници. Тоа никогаш не е бескорисен говор; делувањето засновано на надежта во промена е неуморна проникливост која го придвижува срцето и рацете – нагласи Папата.

Ние сме во теоријата „мисионери на милосрдието“, а често сме повеќе злоупотребувачи отколку милосрдни. Во денешниот ранет свет треба да се промовира, поттикнува и да се развива педагогијата на милосрдието. Милосрдието е „срце на пасторалот“, тоа се учи од искуството дека ни е простено и на совеста дека треба да се постапува со своите браќа на начин како што се постапува со нас. Да научиме милосрдно да постапуваме значи од Учителот да учиме како да бидеме ближни без страв од оние кои се отфрлени и кои се обележани со гревот. Треба да научиме да пружиме рака на оној кој паднал, не стравувајќи од коментарите. Ако постапувањето барем малку не се заснова на милосрдието тогаш станува злоупотреба. Мудри се оние кои промовираат раст на надежта, кои имаат благо срце и прават да блеска милосрдието – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот