Папата на ручек со перуанските бискупи

Папата на ручек со перуанските бискупи

Перуанските бискупи го опишуваат неочекуваното учество на папата Лав на ручек во Рим како „гест на близина и заедништво“.

„Гест на близина и заедништво што ја зајакнува пастирската мисија на Црквата во Перу.“

Така епископите во земјата ја опишаа ненадејната посета на папата Лав на нивниот „братски ручек“, според објавата на профилот X на Перуанската бискупска конференција.

Бискупите се во Рим на нивната ad limina посета, закажана од 26 до 31 јануари. На средбата учествуваа епископите од 46. црковни управи во земјата, кои ќе беа примени на аудиенција од Папата во петок, 30 јануари.

Молитви за иднината на Перу

„Тука сме да се молиме за мир и за иднината на Перу, за оваа посета да нè зајакне сите нас и да нè охрабри во верата подобро да им служиме на другите“, рече бискупот Карлос Гарсија Камадер, бискуп од Лурин и претседател на Перуанската бискупска конференција.

„Се молиме нашите идни лидери да бидат добри мажи и жени кои ќе ѝ служат на народот, ќе се стремат за општо добро и, пред сè, ќе се стремат да обединат и да „додаваат“, а не да одземаат или делат“, додаде тој.

Света Роза од Лима

Бискупската конференција му подари на Папата и мозаик од Пресвета Богородица и слика од Света Роза од Лима, кои ќе бидат благословени и поставени во Ватиканските градини во сабота, на 31 јануари.

Последните две ad limina посети на бискупите од Перу се одржаа во мај 2017 година, со папата фрањо, и во мај 2009 година, со папата Бенедикт XVI.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот