Папата на Литургијата на римските гробишта „Кампо Верано“: И покрај неволјите, тргнете по патот на блаженствата

Во проповедта на римските гробишта, Светиот Отец, на 1 ноември, пред присутните се обрати спонтано, без претходно подготвен говор. Осврнувајќи се на литургиските читања речедека по слушањето на зборовите: „Не им штетете на Земјата ниту на морето, ниту на билките“, на ум му дојде мислата, иак не се наоѓа во самите читање, туку во срцата на секој од нас; а би била како продолжение на она што Ангелот го кажа на оние четворица, а тоа е дека ние луѓето во уништувањето сме поспособни од ангелите. Како да сакаше да се каже да не им штетиме на земјата ниту на морето, ниту на билките, луѓето од вас се поспособни во тоа, помалку иронично забележа Светиот Отец.

Тоа е она што го правиме: го разоруваме животот, културата, вредностите, ја уништуваме надежта. Колку ни е потребна Божјата сила за да застанеме во оваа луда и разорна трка, се запраша Папата. Сеќавајќи се на разорувањата од Втората светска војна, Папата нагласи дека денешното разурнување во споредба со она од Втората светска војна е многу поголемо. Станува збор за индустрија на уништување; за систем и начин на живеење каде, кога некои работи не можат да се средат, едноставно се отфрлаат. Се отфрлаат децата, старите луѓе, народите, младите без работа и така настанува културата на отфрлање, забележа Папата.

За да го видиме Бог таков каков што е, треба да бидеме водени од Блаженствата, бидејќи единствено тој пат ќе не доведе до средба со Бога и ќе нѐ спаси од уништување на Земјата, на создаденото, од уништувањето на моралот, историјата, семејството… Народ што денес трпи многу поради егоизмот на оние што уништуваат, се движи напред со Блаженствата и во надеж дека ќе се најде очи во очи со Бога и со надежта дека до конечната средба со Него, ќе постане свет, истакна Папата.

Господ да ни помогне и да ни даде милост на надеж и храброст за да се одделиме од уништувањето, од животниот релативизам. (…) Да ни даде милост за да одиме во надеж за средба со Него, а таа надеж нема да не разочара, истакна на крајот Папата.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот