ПАПАТА НА КРСТНИОТ ПАТ ВО КОЛОСЕУМОТ: СО КРСТОТ БОГ ОДГОВАРА НА ЗЛОТО

Ватикан, 30.3.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо на Велики Петок го предводеше Крстниот Пат во Колосеумот, прв во неговиот понтификат. Младите од Либан оваа година ги подготвија размислувањата за постојките. Во размислувањата тие ги искажаа потешкотиите и надежите на народите од Блискиот Исток и проговорија за неправдите, поделбите меѓу христијаните, фундаментализмот и насилствата кои ги разделуваат блискоисточните народи, но ги допреа и страдањата и злото од кое е погодено целото човештво.

 На првата и последната постојка Крстот го носеше кардинал Агостино Валини, на втората и третата две семејства, едно од Италија и едно од Индија, на четвртата и петата крстот го носеа активисти на Униталси, здружение кое ги помага болните на нивните поклоненија, кои во оваа прилика беа со едно лице во инвалидска количка. На шестата и седмата постојка крстот го носеа два богослова од Кина, на осмата и деветата двајца фрањевци од Кустодија во Светата Земја, на десетата и единаесетата по две монахињи од Нигерија и Либан, а на дванаесетата и тринаесетата по двајца млади од Бразил. Факелите покрај крстот ги носеа двајца млади од Римската епархија и двајца млади од Либан. Текстовите од размислувањата ги читаа новинари од Радио Ватикан Орацијо Коклите и познатата италијанска актерка Лина Састри. Каролина Закарини ги најавуваше постојките. Сликите кои беа прикажувани покрај секоја постојка се превземени од книгата Крстен пат (Via Crucis) на анонимен фрањевец од Витлеем од 19 век.

 На крајот Папата се обрати благодарејќи им на присутните. Потоа папата рече:

 „Нема да користам многу зборови. Во оваа ноќ мора да остане само еден единствен збор – Крстот. Крстот Христов е зборот со кој Бог одговара на злото во светот. Понекогаш ни изгледа дека Бог не одговара на злото, како да е повлечен во тишина. Во стварноста Бог зборува и одговара и неговиот збор е Крстот Христов: еден збор, кој што е Љубов, милосрдие и простување. Исто така е и суд: Бог ни суди, со тоа што нѐ љуби. Ако ја прифатам неговата љубов, јас сум спасен, доколку ја отфрлам, јас сум осуден, не од него, туку од самиот себе, бидејќи Бог не осудува, туку љуби и спасува.“

 Драги браќа и сестри, Крстот е исто така одговор на христијаните на злото, кое што сѐ уште е во нас и делува во нас. Христијаните мора на злото да одговорат со добро, при што како Исус ќе го земат крстот врз себе. Оваа вечер го слушнавме сведоштвото на нашите браќа од Либан: Тие ги напишаа овие прекрасни размислувања. Им благодариме од сѐ срце за оваа нивна служба и пред сѐ за нивното сведоштво кое што ни го предадоа. Видовме кога папата Бендикт беше во Либан: ја видовме убавината и силата на заедништвото на христијаните (…)

 Да продолжиме со овој Крстен пат во нашиот секојдневен живот. Да зачекориме заеднички по патот на Крстот, да одиме, при што овие зборови на љубов и простување ќе ги носиме во срцата. Да одиме со исчекувајќи на Воскресението Христово, со овие зборови го заврши Папата своето кратко обраќање.

 На крајот Светиот Отец на присутните верници им го подели својот Апостолски благослов.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<