Канцеларијата за печат на Светиот Престол потврди дека папата Фрањо ќе се обрати на учесниците на Генералното собрание на Обединетите нации по повод 75 годишнината на таа организација.
Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни најави дека Светиот Отец во седмицата после 22 септември на собранието ќе се обрати со видео порака бидејќи овогодишното Генерално собрание заради пандемијата од коронавирусот главно е онлајн.
Јубилејната недела започнува на 21 септември, а 75 заседание на Генералното собрание започна во понеделникот на 14 септември и се одржува до почетокот на октомври.
Папата Фрањо зборуваше на собранието на ООН во септември 2015 година по повод 70 годишнина од ООН кога се залагаше за поголемо влијание на земјите во развој во Обединетите нации и обврската на меѓународните финансиски институции да помагаат на сиромашните земји по јаремот на кредитните обврски.
Ватикан њуз/к.мк