Папата на Ангел Господов ја најави Синодата
Светиот Отец пред завршувањето на литургиското славење сакаше да ги поздрави сите стари луѓе собрани на плоштадот Свети Петар и од се срце им се заблагодари. Потоа напомена дека вчера во Мардид за блажен е прогласен епископот Алваро дел Портило и посака неговото примерно христијанско и свештеничко сведоштво кај многу да пробуди желба секогаш повеќе да се приклонуваме кон Исус и Евангелието.
Потоа Папата ја најави Синодата за семејствата која започнува следната недела и ги повика сите – и поединците и заедниците – да молат за овој важен настан, чие заседание го довери на застапувањето на Марија – Спас на народот. Потоа ја започна молитвата Ангел Господов со што – како што кажа – ја повика Богородица за заштита над сите стари луѓе во светот, а посебно за оние кои живеат во големи тешкотии. Папата на крајот присутните групно ги благослови, тргнувајќи потоа со папамобилот во процесија меѓу верниците.
РВ/Д.И.