Папата на Ангел Господов: Господ поминува и чука на нашите срца
Богослужбата на денешната четврта и последна недела од постот сака да нè подготви за Божиќ кој веќе е на врата. Нè повикува на гледање и размислување на настанот на навестувањето на ангелот на Марија. Гавриил на Девицата и ја открива волјата Господова да стане мајка на Неговиот Единороден Син: „и ете, ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе го наречеш со името Исус. Он ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот;“ (Лк 1,31-32).
Да го насочиме својот поглед на ова едноставна назаретска Девица, во моментот кога се отвора на божествена порака со своето ДА. Да воочиме два важни аспекти на нејзиното однесување, што за нас претставува пример за подготовка за Божиќ. Пред сè верата на Марија, нејзиното делување во верата; вера со која го слуша Божјото Слово за потполно да му се препушти; во целосна расположливост на умот и срцето. Во својот одговор: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои“ (Лука1, 38), Марија не знае по кој пат ќе оди; кои болки треба да ги поднесе и на кои опасности ќе се изложи, но е свесна дека Господ е Оној Кој од Неа тоа го бара и сосема доверена во Него се препушта на Неговата љубов.
Вториот аспект е способноста на Мајката Христова да го распознае Божјото време; Божјиот момент – рече Светиот Отец. Марија е таа која со своето ДА го овозможи овоплотувањето на Синот Божји; таинство со векови сокриено (Rm 16,25).. Благодарение на своето понизно, но и храбро ДА овозможи овоплотување на Словото. Марија нè учи да се фати погодниот час во кој Исус поминува во нашиот живот и од нас очекува подготвен и великодушен одговор.
Всушност, танството на Исусовото раѓање во Витлеем кое историски се исполнило пред две илјади години се актуелизира како духовен настан во литургиското денес. Словото кое се вселило во девственото крило на Марија, во божиќното славење повторно чука на срцето на секој христијанин. Секој од нас како Марија е повикан да одговори со своето лично и искрено ДА, ставајќи се потполно на располагање на Бог и на Неговото милосрдие.; на Неговата љубов. Колку пати Исус поминува во нашите животи; колку пати го испраќа својот ангел и колку пати тоа воопшто не го забележуваме, бидејќи сме задлабочени во своите мисли, во своите работи и тоа во овие денови за своја подготовка? – праша Светиот Отец.
Токму овие денови Исус поминува и чука; очекува прием и ДА како она на Марија. Еден светец зборувал дека се плаши Господ да не помине. Знаете ли зошто се плашел? – праша Папата – се плашел дека Господ ќе помине, а тој да не го забележи и ќе го пушти да помине… Кога во срце ќе почувствуваме дека сакаме да бидеме подобри – каејќи се за она што сме го направиле – Господ тогаш чука. Ти дава да ја почувствуваш волјата за да бидеш подобар, подобра; да им бидеш близу на луѓето и на Бог… Ако тоа го почувствуваш стани… Тука е присутен Господ. Оди на молитва или можеби на исповед. Ако почувствуваш волја да станеш подобар или подобра, Оној е Тој Кој чука; не му дозволувај да помине – поттикна Папата.
Во таинството на Божиќ, со Марија тивко е присутен и Јосиф. Примерот на Марија и Јосиф за сите нас е повик да го прифатиме со потполна отвореност Исус, Кој од љубов (кон нас) стана наш брат. Доаѓа во светот да го донесе дарот на мир: …„а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!“ (Лк 2,14), како што ангелите навестиле на пастирирте. Скапоцениот дар на Божиќ е мирот; а нашиот вистински мир е Христос – потсети Папата, додавајќи дека Христос поминува и чука на нашите срца, повикувајќи ги сите да се доверат на застапувањето на Мајка Марија и свети Јосиф за навистина да го живеат христијански Божиќ, слободни од секоја световност и подготвеност да се прегрне Спасителот – Бог со нас.
По молитвата Ангел Господов Светиот Отец ги поздрави верниците од Рим и поклониците пристигнати од други земји како и бројните семејства, парохиски и други заедници. Повтори ако во срцето почувствуваме желба да бидеме подобри и ближни на луѓето околу нас тоа е Господ Кој поминува и чука на нашето срце. Да му отвориме. На крајот на сите им посака овој Божиќ да им биде Божиќ на надеж, врати отворени за Господ, радост и братства и се препорача во молитвите, отпуштајќи ги собраните верници со својот вообичаен поздрав.
РВ/Д.И.