Папата најави дека ќе го посети Мексико
Идниот февруари од 12 до 28, папата Фрањо ќе отпатува во Богородично светилиште во Мексико, за да измоли од Дева Марија од Гвадалупе „Јубилејната година на милосрдието да биде време за сеење на милосрдна љубов во срцата на луѓето, на семејствата и на народите“.
Ова го објави лично папата Фрањо за време на светата Литургија, која ја служеше во сабота 12 декември во ватиканската базилика на литургискиот празник на Богородица од Гвадалупе, покровителка на Латинска Америка.
Во својата проповед на шпански јазик, Папата истакна дека и покрај страдањата и искушенијата во животот, никој не може да ги лиши луѓето од среќата на Бог, а христијанските заедници треба да се претворат во „сведоци на милосрдие, кои не исклучуваат никого“.
„Зборот милосрдие е составена од два различни збора: беда и срце, рече Папата. „Срцето ја покажува способноста за љубов; милосрдието е љубов која ја обвивна бедата на човекот“.
„Божјата љубов е љубов, која ја чувствува нашата беда, како своја, за да нè ослободи од неа. Бог го испрати својот Син, ја презеде со Крстот целата болка на човечкото постоење и се стави во служба на повреденото човештво“, рече папата Фрањо.
„Нема грев кој може да ја избрише близината на Божјото милосрдие, ниту да го спречи, за да ја спроведе својата благодат за преобраќање во верата, под услов ние тоа да го сакаме”, додаде папата Фрањо.
„Самиот грев прави да засвети со уште поголема сила љубовта на Бог Отецот, кој за да го ослободи поробениот, Го жртвува својот Син“. Тоа Божјо милосрдие достигнува до нас со дарот на Светиот Дух, преку Крштението“. „Колку и да се тешки и големи гревовите на светот, Духот кој го обновува лицето на земјата, го прави можно чудото за почовечки живот исполнет со радост и надеж“.
Господ оди заедно со нас и нѐ подржува, ни ги отвора очите, за да ја видиме нашата беда и онаа на светот и истовремено нѐ исполнува со надеж“, истакна Папата. „Тоа е изворот на нашиот мирен и среќен живот; никој не може да ни го земе овој мир и среќа, и покрај страдањата и искушенијата во животот“.
Папата повика да го чуваме тоа милосрдие, мир и надеж: „Преку својата нежност, Бог го отвора срцето за нас и ни нуди љубов; Господ е алергичен на цврстината.
Во пресрет на Божиќ, „по патот на Адвентот“, Папата повика да се навестува Благата вест на сиромашните и сда е вршат милосрдни дела.
На крајот Папата ги довери на Марија страдањата и радостите на луѓето од латиноамериканскиот континент“.
РВ/В.Н.