Папата настинат: Откажани аудиенциите
Сите предвидени аудиенции на папата Фрањо за петок 15 ноември претпладне се откажани. Ова го соопшти патер Ломбарди истакнувајќи дека поради здравствена состојба на папата Фрањо е одлучено предвидените аудиенции да се откажат.
Сепак напладне, како што е планирано, папата Фрањо ќе слави света Литургија во базиликата Свети Петар на која ќе го посвети за епископ новиот Генерален секретар на Ватиканската управа, Фернандо Вергез Алзага.
РВ/го*ко
Категорија:
Ватикан