Папата му честиташе на новиот киликиско ерменски патријарх
Причина за голема радост е изборот на Грегоар Пјер XX Габројан за нов киликиско ерменски партријарх кој на 24 јули го избра Синодот и патријархалната Црква.
Ова стои во пораката со честитка напиша од Папата упатена до патријархот. Изборот на Вашето блаженство се случи во моментот во кој вашата Црква се соочува со различни тешкотии и нови предизвици – пишува Папата во пораката и ги спомнува тешките искушенија низ ки поминуваат дел од ерменските верници католици на Блискиот Исток. Сепак просветлени со светлината на верата во воскреснатиот Христос, нашето гледање на светот е полно со надеж и милосрдие, бидејќи сме сигурни дека Исусовиот Крст е стеблото кое дава живот.
Освен тоа, папата Фрањо изрази уверување дека неговото блаженство во заедништво со другите синодски оци и со помошта на Светиот Дух и со евангелската мудрост ќе знаат да бидат„Pater et Caput“, Добар пастир со дела на Божјиот народ кој му е доверен, со загоговорот на бројните ерменски маченици и свети Гргур од Нарек црковен научител.
РВ/к.мк/Д.И.