Папата: Мирот се гради започнувајќи од дома

Папата: Мирот се гради започнувајќи од дома

На 20 април 2018 година, папата Фрањо ја посети областа Апулиja во јужна Италија, поточно градовите Алесано и Молфети. Најпрво утрото го посети Алесано родното место на епископот дон Тонино Бела кој Светиот Отец во својот говот го опиша како човек кој сфатил дека сиромашните се вистинско богатство.

Папата напомена дека дон Тонино го наследувал Исус приближувајќи им се на сиромашните до таа мера што се predadel, за да промовира мир на глобално ниво, а делувал локално. Бил уверен дека најдобриот начин за да се спречи насилство како и секој облик на војна е грижата за оние во потреба и да се промовира правда.

За дон Тонино мирот се гради започнувајќи од дома, на улица, каде луѓето работат, давајќи предност на достоинството на работникот пред заработката. Цитирајќи го дон Тонино, папата Фрањо го резимираше неговото размислување: Од канцеларијата, како некогаш од работилницата во Назарет ќе излезе зборот мир коj на човештвото кое е жедно за правда ќе го упати на нови патишта на судбината. Дон Тонино бил алергичен на титули и почести – продолжи Светиот Отец: Дон Тонино како Исус се лишувал од сите знаци на моќ за да им даде место на моќта на знаците. Потоа Папата ги повика верниците да пронајдат сила за да бидат луѓе лишени од сè што спречува ставање на „престилките“ кои дон Тонино ја нарекол единствената свештеничка облека која е забележана во Евангелието.

Папата Фрањо ги потсети верниците во Алесано дека во нивната земја Бог подигнал човек кој е дар и пророк за нашето време. Бог сака тој дар да се прифати и неговото пророштво да стане стварност. Ги поттикна верниците да не дозволат да ги надвладеат носталигиите, ниту празните разговори за сегашноста или стравот за иднината. Да го наследуваме дон Тонино, нека нè носи неговиот младешки христијански занес, да го почувствуваме неговиот итен повик за да го живееме Евангелието без попуштање. То е силен повик до секој од нас и до нас како Црква – заврши Светиот Отец.

Епископот Тонино Бел е роден во 1935 година во Алесано, а во 1957 година е ракоположен за свештеник. Светиот папа Иван Павле II го именува во 1982 година за епископ на Молфете и Рува. Епископот Бела ги отфрлил сите знаци на моќ и настојувал да им помогне на оние во потреба. Се осигурил заедница Каритас да се основа во секоја парохија и основал заедница за помош на зависници. Неговиот пасторален жар го носи во Австралија, Аргентина и Венецуела каде ги посетувал иселениците од својата дијацеза.

Епископот Бело на посебен начин е познат заради својата соработка со меѓународното католичко мировно здружение Pax Christi. Во 1985 година е именуван за претседател на италијанскиот огранок на спомнатото здружение и на таа положба останува до смртта.

Епископот Бело ја замислувал Црквата во „прстилка“ повикувајќи се на сликата на Христос на Последната вечера кој се опашал со убрус, налеал вода во сад и започнува на учениците да им ги мие нозете и да им ги брише со убрусот со кој бил препашан. Дон Тонино освен тоа бил познат по својата скромност: се возел со автобус и често користел велосипед затоа што сметал дека автомобилите придонесуваа за загадување на воздухот. Често одел по улиците, во ресторантите за да се среќава со луѓето. Епископот Бело починал во 1993 година од рак на желудникот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот