Папата Лав XIV ја прими претседателката на Република Словенија

Папата Лав XIV ја прими претседателката на Република Словенија

Папата Лав XIV во понеделник, 26 октомври 2026 година, во Ватикан ја прими претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.

Папата Лав XIV во понеделник наутро во Ватикан ја прими претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.

По средбата со Папата, претседателката се сретна со кардинал Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол, и со надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите и меѓународните организации, во Државниот секретаријат.

Според соопштението објавено од Канцеларијата за печат на Светиот Престол, за време на срдечните разговори во Државниот секретаријат било изразено задоволство од добрите билатерални односи меѓу Светиот Престол и Словенија.

Внимание било посветено и на прашања од заеднички интерес поврзани со односите меѓу Црквата и државата.

На крајот, разговорите се однесувале и на повеќе меѓународни прашања, со посебно внимание на состојбите на Западен Балкан, како и на конфликтите во Украина и на Блискиот Исток.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот