Папата: Христијанскиот идентитет е служење, не егоизам

Христијанинот е вметнат во историјата на гревот и милостите и секогаш се наоѓа пред избор: да им служи или да ги искористува своите браќа – истакна папата Фрањо на светата Литургија на 30 април во домот Света Марта.

Христијанинот е вметнат во историјата на гревот и милостите и секогаш се наоѓа пред избор: да им служи или да ги искористува своите браќа – истакна папата Фрањо на светата Литургија на 30 април во домот Света Марта. Историјата и служењето – се два дела на христијанскиот идентитет на кои Папата се задржа во својата хомилија. На прво место историјата, бидејќи како што рече свети Павле, свети Петар и првите ученици „не го навестувале Исус на страна од историјата“, туку внатре во „историјата на народот“ кој Бог со векови го воспитувал, за во „полнината на времето“ да ја достигне зрелоста. Тогаш Бог влегува во неговата историја и оди со својот народ.

„Христијанинот е човек на историјата, бидејќи не припаѓа на самиот себе, туку е вметнат во некој народ во одење“ – рече Папата. Не може да стане збор за христијански егоизам. Христијанинот не е човек произлезен „од духовна лабараторија“ туку е вметнат во народот со долга историја „кој е во одење сè до Господовото враќање“. А таа историја е историја на милости, но и на грев – рече Светиот Отец, велејќи дека и во денешните литургиски читања свети Павле го спомнува цар Давид – светец кој пред да стане свет бил голем грешник.

Нашата историја опфаќа светци и грешници; како што и нашата лична историја ги опфаќа нашите сопствени гревови, но и Господовите милости кои нè следат и ни простува гревови. „Нема христијански идентитет без историја“ – заклучи Папата. Другиот дел од тој идентитет е служењето; како што Исус ни даде пример кога на учениците им ги изми нозете.

„Христијанскиот идентитет е служење, не егоизам.“ егоизмот е грев, мана од која треба да се одвоиме и да бараме прошка за Господ да ни даде обраќање. Да бидеш христијанин не е прашање на изглед или општествено однесување; тоа не е „малку шминка за душата, за да биде убава“. Да бидеш христијанин – нагласи Светиот Отец – значи да го работиш тоа што Исус го работел: да служиш.“ Затоа на крајот предложи да се запрашаме: „Што правам повеќе во срцето? Се користам ли со другите, им служам ли на другите – на заедницата, парохијата, семејството, пријателите – или им служам? Дали на другите сум на услуга?“

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот