Папата Лав XIV ја прими македонската државно-црковна делегација

Папата Лав XIV ја прими македонската државно-црковна делегација

По повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, папата Лав XIV во понеделник 26 мај 2025 година ја прими македонската државно-црковна делегација предводена од Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска – Давкова. Македонската државно-црковна делегација е составена од претставникот на Католичката црква протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, епископот Јосиф, митрополит тетовски, епископот Јаков, членови од кабинетот на претседателката, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Оливера Трајковска и други членови.

По аудиенцијата, се разменети подароци. Во таа пригода, претседателката на Папата му подари длабока резба од дабово дрво со мотив „Желад“.

По аудиенцијата кај папата Лав XIV државниот секретар на Светиот Престол кардинал Паролин ја прими Претседателката Силјановска. На средбата присуствуваше и секретарот за односи со држави и меѓународни организации, надбискупот Пол Ричард Галагер. Средбата траеше околу 40 минути и заврши со пригодна размена на подароци.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот