Папата Лав ја заврши посетата на Ангола и отпатува за Екваторска Гвинеја

Папата Лав ја заврши посетата на Ангола и отпатува за Екваторска Гвинеја

Папата Лав XIV се качи во папскиот авион на крајот од своето апостолско патување во Ангола и отпатува за Екваторска Гвинеја, која е последната етапа од неговата единаесетдневна посета на четири африкански земји.

Во своето последно утро во Ангола, вторник 21 април 2026 година, папата Лав XIV приватно служеше света Литургија во Апостолската нунцијатура во Луанда.

Потоа се упати кон аеродромот, каде што се збогува со претседателот на Ангола, Жоао Мануел Гонсалвеш Лоренсо.

По збогувањето, Папата се качи во папскиот авион, кој полета во 9:19 часот по локално време, со што беше заокружено неговото апостолско патување во Ангола.

Папата Лав XIV престојуваше три дена во оваа централноафриканска земја, при што посети три града: Луанда, Муксима и Сауримо.

Последната етапа од неговата единаесетдневна посета го води во Екваторска Гвинеја, каде што ќе престојува до четврток, 23 април.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот