На крајот од Генералната аудиенција, папата Лав XIV се присети на претстојната 50-годишнина од потпишувањето на Завршниот документ од Хелсинки, нагласувајќи: „Денес повеќе од кога било е суштински важно да се зачува духот на Хелсинки, да се истрае во дијалогот, да се зацврсти соработката и дипломатијата да се постави како привилегиран пат.“
„На 1 август ќе ја одбележиме педесетгодишнината од потпишувањето на Завршниот документ од Хелсинки. Поттикнати од желбата да се обезбеди безбедност во контекстот на Студената војна, триесет и пет држави отворија нова геополитичка епоха, поттикнувајќи поблиски врски меѓу Истокот и Западот.“
Хелсиншкиот договор: Поворка за мир и слобода
Хелсиншкиот договори, познати и како Завршниот договор од Хелсинки, беше потпишан на 1 август 1975 година. Декларацијата претставуваше историски пакт потпишан од западните сили и Советскиот Сојуз на крајот од Конференцијата за безбедност и соработка во Европа (КБСЕ), со цел унапредување на односите меѓу Истокот и Западот.
Дипломатијата – привилегиран пат
Папата Лав денес истакна дека овој настан означуваше „обновен фокус на човековите права, со особено внимание на верската слобода, сметана за еден од темелите на тогашната новонастаната архитектура на соработка која се протега од Ванкувер до Владивосток“, и дека активното учество на Светиот Престол на Хелсиншката конференција, претставувано од тогашниот државен секретар кардинал Агостино Казароли, „помогна во промовирањето на политичка и морална определба за мирот.“
„Денес повеќе од кога било,“ повторно нагласи папата Лав, „е суштински важно да се зачува духот на Хелсинки, да се истрае во дијалогот, да се зацврсти соработката и дипломатијата да се постави како привилегиран пат.“
Ватикан њуз/к.мк